Чавушоглу: Израел станува расистички режим на апартхејд

Израел станува „расистички режим на апартхејд“. Вака шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу ја искоментира најавата на израелскиот премиер Бенџамин Нетенјаху дека има намера да ја припои областа од Западниот брег ако победи на изборите идната недела.

Чавушоглу за време на посетата на саудискиот град Џеди, го нарече планот на Нетанјаху „срамотен“, оценувајќи дека станува збор за гнасен обид на израелскиот премиер да добие гласови во очи вонредните парламентарни избори, кои ќе се одрѓат во вторник.

Турскиот министер ги критикуваше и другите муслимански земји поради „млаките реакции“, пренесува Ројтерс.

„Израел, охрабрен од поддршката на одредени земји, продолжува со својата агресивна политика која го претвара во расистички режим на апартхејд“, рекол Чавушоглу, пренесува агенцијата Анадолија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот