Чавушоглу и Лавров разговараа за новите воени акции во Идлиб

Мевлут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Турција и неговиот руски колега Сергеј Лавров, разговарале телефонски за ситуацијата во Сирија, изјави за ТАСС извор од турското Министерство за надворешни работи.

„Нашиот министер имаше телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Разговараа за ситуацијата во Сирија, особено за Идлиб“, соопшти неименуваниот извор

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, на состанок во Сочи на 17 септември се договорија да формираат 15-20 километри широка демилитализирана зона по должината на линијата за контакт во Идлиб.

Меѓутоа, Анкара бараше дополнително време пред иницирањето на заедничките патроли бидејќи не беше во состојба да ја осигури безбедноста.

Турската агенција „Анадолија“ на 8 март извести дека вооружените сили на двете земји почнале да патролираат во Идлиб во согласност со договорот постигнат со Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот