Чави: Повторно го добивме најголемиот ривал во Лигата на Европа

фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез изјави дека неговиот тим има огромна задача пред себе, во двомечот од плеј-офот против Манчестер јунајтед за пласман во осминафиналето Лигата на Европа.

– Ќе мораме да се натпреваруваме, одиме во Манчестер против квалитетен ривал и клуб со богата историја, кој многу се подобри од доаѓањето на менаџерот Ерик тен Хаг. Имаат одлични поединци и повторно го добивме најтешкиот ривал во Лига Европа – рече Чави, а пренесува „Скај“.

Барса на првиот натпревар на 16 февруари на „Камп Ноу“ ќе го пречека Јунајтед, а реваншот е седум дена подоцна на „Олд Трафорд“.

– Ќе имаме време да анализираме, тие се силен тим во одбраната и нападот, не само поради Кристијано Роналдо, туку и поради другите играчи. Манчестер јунајтед е историски клуб кој исто така мора да победи. Два големи клуба, тоа ќе биде огромна задача – вели стратегот на каталонскиот гигант.

Барселона и Јунајтед досега играле 13 пати во европските натпреварувања, а англискиот клуб триумфираше трипати, последен пат во април 2008 година во полуфиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот