Чави организараше вечера за целиот тим, еден фудбалер правеше пробеми

Чави Ернандез организира заедничка вечера за да ја крене атмосферата во тимот/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез се обиде да ја подигне атмосферата во соблекувалната во пресрет на клучниот натпревар во Лигата на шампионите против Баерн, организирајќи заедничка вечера за фудбалерите.

Чави и фудбалерите се собраа во ресторан во центарот на Барселона, но вечерата им ја расипаа медиумите кои одбија информација дека голем број ѕвезди на каталонскиот тим се собираат на едно место.

Во ресторанот пристигнаа сите фудбалери на првиот тим, како и комплетниот стручен штаб, по шо Чави им го претстави планот за пласман во нокаут-фазата во ЛШ. Пресметките се јасни, на Барселона и е потребна победа во Минхен за сигурен пласман во осминафиналето, но можат да поминат понатаму и во случај на пораз или реми, доколку Динамо Киев и Бенфика одиграат по „нивна мерка“.

Фудбалерите почнаа да пристигнуваат околу 20 часот, а вечерата траела до 23 часот. Прв пристигнал Педри, а весникот „“Мундо Депортиво“ пишува дека младиот фудбалер ја платил сметката, за да ги почести соиграчуте за добиената награда за најдобар млад фудбалер сна светот. Втората причина е новиот договор кој неодамна Педри го потпиша.

Но, „Мундо Депортиво“ пишува дека Осман Дембеле повторно правел проблем бидејќи се појавил еден час подоцна од останатите, со што ги налути соиграчите и тренерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот