Чави: Му кажав на претседателот на клубот дека враќањето на Меси има смисла

фото: EPA/PACO PUENTES

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, смета дека не е невозможно неговиот поранешен соиграч Лионел Меси повторно да го облече дресот на клубот од стадионот „Камп Ноу“.

Договорот на капитенот на аргентинската репрезентација со ПСЖ истекува на крајот од сезоната и мали се шансите тој да остане во Париз. Една од споменатите опции е враќање во клубот со кој ги имаше најголемите успеси во кариерата, а има и друга опција, да оди во Саудиска Арабија за астрономска плата.

– Му кажав на претседателот на клубот дека враќањето на Меси има смисла. Не се сомневам, тој е совршен за нашиот систем и идеја. Подготвив тактички план за Лео. Да, разговарам со него, сега сè зависи од него, тој треба да одлучи – рече Чави.

Аргентинецот дебитираше за сениорскиот тим на Барселона во 2005 година, а 16 години подоцна реши да замине во ПСЖ.

Меси за „светците“ одигра 74 натпревари во кои постигна 32 гола и запиша 35 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот