Чави ја откачи Барселона, ќе го чека идното лето и новата управа

твитер

Легендарниот капитен на Барселона беше главен фаворит за клупата но ја одби понудата.

Чави Ернандез кој е рекордер на Барселона со 767 настапи ја одби понудата на Барселона од лето да седне на клупата на каталонскиот тим и го продолжи договорот со актуелниот клуб Ал Сад до наредната година.

– Среќен сум што ја продолжувам работата во Ал Сад. Нашата цел е освојување на титулата во домашното првенство – изјави Чави по потпишувањето на договорот и ги демантира шпанските медиуми кои беа убедени дека тој ќе се врати во Барселона.

– Кристално јасно е дека сакам да се вратам во Барселона, меѓутоа во соблекувалната не смее да им негативна атмосфера – додава Чави.

Ова значи дека Чави нема намера да седне на клупата на Барселона се додека на челните позиции се наоѓаат Хосеп Мариа Бертомеу како претседател и поранешниот соиграч Ерик Абидал кој сега е спортски директор.

Чави му замерува на Абидал дека лажеше пред медиуми кога изјави дека по отказот на Ернесто Валверде во јануари годинава, Барселона не преговарала со него, иако токму Абидал и уште еден потпретседател на шпанскиот тим престојувале во Доха.

Згора на тоа, Чави му има дадено збор на противкандидатот на Бертомеу на претседателските избори во клубот кои ќе се одржат идното лето, Виктор Фонт. Фонт доколку победи на претседателските избори на местото на Абидал ќе го постави поранешниот капитен Карлес Пујол и се залага за враќање на клупските легенди во управата како Андрес Иниеста и Виктор Валдес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот