Час поскоро е неопходно одржување на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и С.Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими министрите за надворешни работи на Република Австрија Александер Шаленберг, на Република Словенија Анже Логар и на Чешката Република Јакуб Кулханек.

На средбата се разговараше за евроинтеграцијата на Северна Македонија и регионалните предизвици на земјите од Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните случувања поврзани со почетокот на пристапните преговори на нашата држава за членство во Европската Унија. Тие упатија порака дека час поскоро е неопходно одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Северна Македонија, а секое натамошно одложување ќе го наруши кредибилитетот на процесот на проширување на Европската Унија.

Претседателот Пендаровски истакна дека високо ја цениме австриската, словенечката и чешката постојана и гласна поддршка за нашата интеграција во Европската Унија во рамки на европските институции.

Во тој контекст, Претседателот го нагласи значењето на неодамна одржаниот состанок во рамки на Процесот Брдо-Бриони на кој беше усвоена заедничка декларација и се испрати силна порака за важноста на процесот на проширување што мора да биде побрз и да не се фокусира само на одделни земји, туку на целиот регион на Западен Балкан.

Логар: Западниот Балкан е важно прашање за претстојното претседателство на Словенија со ЕУ

Шаленберг: Членството на Северна Македонија во ЕУ за нас е стратешки интерес

Шаленберг, Логар и Кулханек на средба со Заев: ЕУ да го испорача ветеното

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот