Чантата од 150 евра која за малку ќе предизвикаше политички скандал во Италија! (ФОТО)

јутјуб/принтскрин

За време на неодамнешната посета на регионот Пула, свршеницата на премиерот Џузепе Конте, Оливија Паладино, беше фотографирана со чанта која можеше да предизвика вистински скандал.

Имено, интернет-корисниците напишаа под фотографијата на Конте и неговата свршеница дека чантата која таа ја носи е од брендот „Хермес“ и е наречена „Кели“, а нејзината цена надминува 81.000 евра.

Лажните вести веќе се раширија на социјалните мрежи и предизвикаа претежно огорченост, затоа што многумина сметаа дека во време на криза не е пристојно да се „расфрла“ со луксузни предмети, пишува неделникот „Ки“, а пренесува „Танјуг“.

Publiée par MODA sur Mercredi 12 août 2020

Неделниот весник, кој претежно го следи животот на јавни личности и озборувања, објасни дека сепак не станува збор за оригиналната чанта „Кели“, туку и ефтина имитација.

Чантата била купена во продавница во Рим, има свој дизајнер, чини 150 евра и се разликува од оригиналот во многу детали што списанието детално ги навело и анализирало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот