13 C
Скопје

Чантата „Луј Витон” (не) била вратена кај Јордан Камчев

Фотографија од чантата „Луј Витон”, од предметот „Рекет”, во домот на родителите на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Кривичниот суд Скопје, предизвика големи реакција од страна на одбраната на овој обвинет кој сметат дека јавниот обвинител, во завршни зборови пробува на мала врата да доставува доказ.

Бранителот на Боки 13, адвокат Сашо Дуковски, пред новинарите по завршување на денешното рочиште за „Рекет”, рече дека е незаконски да се вадат само извадоци од 21 февруари, а не од 22 февруари, кога обвинетиот Бојан тврди дека е вратена чантата Луј Витон во куќата на сведокот Јордан Камчев. Оваа реакција ја прифати и Судот, односно обвинителката Вилма Рускоска, истакна дека овој материјал не треба да се земе како доказ.

Целта на прикажување на овој доказ според обвинителката Рускоска, е да се докаже дека не е точно тврдењето на обвинетиот Бојан Јовановски, дека со веќе осудениот Зоран Милевски, на 21 или 22 февруари 2019, торбата Луј Витон ја враќа во куќата на сведокот Јордан Камчев.

– Тие заедно доаѓаат во куќата на Јордан Камчев, и сега осудениот Зоран Милевски, носи црна чанта, со големи рачки, која и по изглед и поголемина многу се разликува од торбата Луј Витон. По повторно прегледување на сите снимики на 22 и 23 февруари ниту Зоран Милевски, ниту Бојан Јовановски одат во домот на Јордан Камчев. Оваа е сигурно. Не може одбраната да негира нешто што е извештачено. До фотографијата имаше вештачење од точна локација каде е направена фотографијата, изјави Рускоска.

Од друга страна адвокатот Дељо Кадиев, кој ја брани обвинетата Катица Јанева, нагласи дека нема ниту еден доказ со што се потврдува било што во обвинението.

– Не браниме ништо што не е одбранливо. Нема ниту еден доказ со што се потврдува било што во обвинението, истакна Кадиев.

Тој посочи дека многу повеќе ќе образложат при изнесувањето на завршните зборови.

– Гледаме дека тука обвинителката најмногу се задржа на незаконски објавените снимки. Реагиравме затоа што по завршување на доказна постапка се обиде уште некои докази да протне и тоа селективно. Еве слушнавте Бојан реагираше – јас не го барав на 21, дајте го од 22 февруари, веројатно нешто има таму што тоа го барам, не знаеме зошто обвинителот не беше транспарентен, рече Кадиев.

Поврзани вести

Нови судири во близина на Ал Акса во Ерусалим: Полицијата употреби шок гранати

Слободен печат

148 сообраќајни прекршоци во Скопје, 45 санкционирани мотоциклисти

Слободен печат

Оливие Веран потврди олеснување на епдемиолошките мерки во Франција од 19 мај

Слободен печат

Спасовски: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа

Слободен печат

Единаесет мртви во напад во Авганистан

Слободен печат

НУК со барање до Владата да бидат опфатени сите угостители со финансиската поддршка

Слободен печат

Остави Коментар