Чаневски: Се подготвуваме, патуваме во Данска без ниту еден меч!

Играчите предводени од тренерот на Жељко Бабиќ се мотивирани и подготвени за европското деби. Во вторник (27 октомври) со почеток од 18.45 часот во Данска екипата на Еурофарм Пелистер ќе го одигра првиот натпревар во Лига Европа против ГОГ Гудме.

Претходно Еурофарм Пелистер требаше веќе да го одигра првиот меч во групната фаза против Татабања, истиот беше одложен поради големиот број на заразени од коронавирус во унгарскиот клуб, членови на ракометната екипа и стручниот штаб.

Битолчани веќе се фокусираат на данскиот предизвик, голманот на екипата Градимир Чаневски вели противникот се наоѓа во натпреварувачки ритам.

– Имавме доста време да се подготвиме. Ни недостигаат натпревари и самото одложување на натпреварот против Татабања направи да патуваме во Данска без ниту еден одигран дуел. Тие се во натпреварувачки ритам, одиграа половина есенски шампионат и еден натпревар во Европа, во Швајцарија. Одиме да се натпреваруваме, се подготвуваме, не знаеме до каде сме сè уште – вели Чаневски.

Прочитајте и...  Вардар подобар од Пандевци

И босанскиот среден бек на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ, со нетрпение ги очекува натпреварите во новата сезона..

– Сигурно дека нè пореметија откажувањата. Но, ние добро тренираме и се подготвуваме како секој ден да започнат натпреварите. Подготвени сме за 27 октомври и натпреварот против Данците. Спремни сме, желни сме за игра и тоа е најважно. Само ги чекаме натпреварите – се зборовите на Периќ.

Поврзани вести

Што се случувало во домот на Марадона, болничарката фатена во лага

Слободен печат

Вардар подобар од Пандевци

Слободен печат

Ливерпул во судиското продолжение остана без победата

Слободен печат

Кога јазикот е побрз од мислата, легендата на Јувентус се извини на коментарот за Марадона

Слободен печат

Одложен натпреварот Македонија – Италија

Слободен печат

Да се наежите – Новозеландскиот Хака танц пред дресот на Марадона (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian