Чаневски: Целта е да извадиме позитивен резултат во Битола

принтскрин

Еурофарм Пелистер ги продолжува настапите во Лигата на Европа со осминафиналната пресметка со Магдебург. Првиот дуел од двомечот со германскиот тим се игра утревечер во салата „Боро Чурлески“ во Битола, а ракометарите на Е. Пелистер се свесни дека фаворитската улога ја има Магдебург. Но, и покрај тоа, битолчани ќе се обидат да дојдат до позитивен резултат.

– Магдебург е одлична екипа и игра во одлична форма. Наша цел е барем да извадиме нерешен резултат на првиот натпревар во Битола. Ќе биде добро да заминеме во Германија со позитива. Добро играме и ние, и ние сме во добра форма како и тие. Детали ќе одлучуваат, па ако бидеме на ниво, мислам дека ќе патуваме за Магдебург со позитива. Мислам дека поголем предизвик е за нив да ја освојат Битола. Ние играме добра сезона, добро играме на домашен терен и верувам дека тоа ќе го потврдиме во вторник. Магдебург е одлична екипа, играат добра одбрана, многу трчаат и влечат полуконтра. Наше е да се враќаме брзо и да трчаме. Мислам дека не треба да дозволиме да нè наттрчаат – вели голманот на Е. Пелистер, Градимир Чаневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот