Чан Сантоки избран за претседател на Суринам

Парламентот на Суринам вчера го избра поранешниот министер за правда, Чан Сантоки, за нов претседател на оваа јужноамериканска држава, соборувајќи го долгогодишниот претседател Деси Бутерс, јави ДПА.

Сантоки (61), инаку поранешен началник на полицијата, во четвтрток треба и официјално да положи заклетва на новата функција.

Партијата за напредна реформа на Сантоки (ВХП) на парламентарните избори во мај освои повеќе мандати од Националната демократска партија на Бутерс (НДП), кога привремено беше укинат делумниот карантин за Ковид-19 за да се овозможи повеќе од 350.000 граѓани со право на глас да излезат на изборите.

Претседателот го избира парламентот и треба да добие двотретинско мнозинство.

Бутерс (74) се кандидираше на изборите во мај, во обид да освои трет мандат. Тој со оваа поранешна холандска колонија владееше седум години како де факто лидер по воениот удар во 1980 година,  а потоа победи на демократските избори во 2010 и 2015 година.

Бутерс поднесе жалба на пресудата за убиство и 20-годишната затворска казна за настаните од декември 1982 година, кога војниците под негова команда убија 15 негови противници.

Суринам својата независност од Холандија ја стекна во 1975 година, потсетува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот