Чаловски од ЈАДРО: Доколку не сме доволно искрени и не ги претставуваме работите со едно критично око, нема шанса да преживееме како општество

ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена е непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа. Цело ова време се стремиме да го зајакнеме независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикнеме процесите на демократизација во културата и пошироко, во општеството и во граѓанскиот сектор.

-Создаваме програма и соддржина која треба да предизвика, да понуди дијалог, да не ги кочиме работите. Сите сме заедно во убавите и во неубавите нешта, но сметам доколку не сме доволно искрени и не ги претставуваме работите со едно критично око, мислам дека нема жанса да преживееме како општество, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Јане Чаловски од ЈАДРО, асоцијација на независната културна сцена.

-Асоцијата е дом на педесетина членови. Членки се невладини здруженија поврзани со културата, неформални групи, поедници од граѓанскиот сектор, вели Чаловски и додава дека пред месец и пол спровеле анкета за вонредната ситуација која се однесува на ефектот на пандемијата врз животот и работата на уметниците и културните работници од независната културна сцена во Република Северна Македонија.

Испитаниците кои одговорија на прашалникот претставуваат широк спектар на културни работници и уметници кои спроведуваат или се дел од независни или институционални програми за култура во различни градови во Македонија и делуваат во повеќе области (некогаш и истовремено). Најмногубројни се чинителните на дејност кои се идентификуваа со областа музика вкупно 73 (односно 56.2%), додека интересен е заклучокот дека приличен број се идентификува со интердисциплинарни практики вкупно 29 (односно 22.3%) со што потврдува дека испитаниците може да бидат афектирани негативно во повеќе специфични области (од креативно пишување до едукација, области кои се под 5%).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот