Чалај: Со договорот за регистарските таблички се избегна можен конфликт меѓу полицијата и граѓаните на северот

Поранешниот директор на косовската полиција Рашит Чалај изјави дека со постигнувањето договор за регистарските таблички е избегнат можен физички конфликт меѓу косовската полиција и граѓаните од четири општини на северот на Косово, објави Kosovo online.

„Тоа е добар договор, а откако беше постигнат, тензиите на северот се намалија. Сепак, немаме доволно информации за договорот“, истакнува Чалај.

Чалај додаде дека Курти направил погрешни потези и дека сето тоа можел да го избегне претходно.

„Мислам дека позицијата на Косово е нарушена бидејќи сите тензии се насочени кон косовската страна. Политички изгубивме како држава и се надевам дека нормалното ќе се врати во Владата“, рече Чалај.

Синоќа симпатизери на косовската опозициска Социјалдемократска партија (СДП) го гаѓаа со цреши косовскиот премиер Албин Курти на влезот во зградата на Владата, каде што тој дојде да го претстави државниот буџет за идната година.

На снимките се гледа како обезбедувањето го заштитува Курти од „дождот“, по што тој влегол во зградата преку спореден влез. Како што наведоа од СДП, причина за инцидентот е договорот кој премиерот го постигна со Србија околу регистарските таблички.

ВИДЕО: Инцидент во Приштина, Курти го гаѓаа со цреши поради договорот со Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот