Чакаровски: Кога ќе „легне“ платата ќе влеземе во возовите

душко чакаровски
Душко Чакаровски /Железничка станица Скопје / Колаж: СП.

Од утрово во прекин е железничкиот сообраќај, а како што вели за „Слободен печат“, Душко Чакаровски, претседател на Синдикатот на машинскиот персонал, тие нема да се качат во локомотивите се додека не си го добијат вториот дел од октомвриската плата.

– Ние сме на своите работни места, но без плата не возиме. Речиси секој месец за да си ја добиеме платата водиме битки. И раководството, и во Министретсвото за транспорт знаат дека ако не ни се исплати плата до 25-ти во месецот за претходниот месец, ние наредниот ден застануваме со работа. И покрај тоа, плата не добивме до наведениот рок. Од утрово не возат возовите, а никој од надлежните ништо не кажува. Всушност, ние и не бараме средба, затоа што работата е јасна, бараме плата, штом ќе ја добиеме, продолжуваме со работа – вели Чакаровски.

Претседателот на репрезентативниот синдикат – Синдикатот на влеча на возови, Ѓоко Илијевски, пак објаснува дека не е само проблем исплатата на платата, туку и условите за работа.

– На ова време ние немаме никакво греење во просториите каде што се контролорите на возови. Тоа е неприфатливо – вели Илијевски.

Контролорите на возови пак, уште пред четири дена престанаа да ја вршат задолжителната контрола по секое патување и како што изјави Илијевски, тие што ги возеа, тоа го правеа на своја рака. Илијевски вели дека платата треба да се дава навреме, во законски рок, а треба и да се подобрат условите за работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот