Чајот од оригано идеален за ублажување на кашлица и искашлување на слузта

Одличен е за ублажување на симптомите на зимските болести, но тоа не се сите придобивки на овој ароматичен чај.

Чајот од оригано е идеален природен лек за ублажување на многу здравствени проблеми. Ливчињата на ова ароматично растение може да се консумираат свежи или сушени во форма на чај и во оваа форма се вистински еликсир во случај на грип, кашлица и трахеитис.

За дишните патишта

Ориганото е зачинска и лековита билка која има антисептично дејство, ги подобрува дигестивните процеси, го стимулира искашлувањето на слузта и ги ублажува грчевите. Со други зборови, тој е одличен сојузник за лекување на голем број секојдневни болести, а особено на проблеми со дишните патишта. Се препорачува во случај на настинка, грип, кашлица, трахеитис и бронхитис, но овој напиток е корисен и за ублажување на ждригавица, киселини во желудникот и дигестивни проблеми.

Го чисти организмот, ги смирува грчевите и ја ублажува кашлицата, а ако се нанесе во форма на облога на болните места, помага во намалување на воспалението и болките во зглобовите и коските.

Благодарение на неговата способност да ги ублажува грчевите, ориганото е исклучително корисна билка во случај на грчеви во желудникот, надуеност и дигестивни проблеми, генерално. За да постигнете моментален ефект на смирување, препорачливо е да пиете топол чај, и тоа во мали голтки.

За искашлување и како антисептик

Ова растение е моќен природен антисептик кој одлично го чисти организмот, истовремено зајакнувајќи го имунитетот. Чајот од оригано е пожелен пијалак за сите оние кои страдаат од кашлица, трахеитис или гастроинтестинални проблеми. Дејствува и како моќен експекторанс и помага при исфрлање на слузта од дишните патишта. За оптимален ефект, се препорачува да пиете врел чај, по можност зачинет со лажичка мед.

Ориганото е делотворно средство против цревни паразити и габички, а екстрактот од оваа билка може да се зема како природен антимикотик.
Чајот од оригано го снабдува организмот со витамин Ц и може да се смета за вистински еликсир за убавина. Природно ги неутрализира слободните радикали и спречува стареење на кожата и помага таа да остане затегната и младешка.

Како се подготвува

За подготовка на чај од оригано треба да се користи врела вода. Ставете две лажици ливчиња од оригано или иста количина исушени цветови во зовриена вода и оставете ги да отстојат најмалку 10 минути. Пред консумирање, процедете. За уште подобар вкус и ефект пожелно е да додадете лажичка мед. За лекување на грип и други зимски болести, се препорачува да пиете најмалку 2 чаши топол чај на ден.

Луѓето кои страдаат од дигестивни проблеми можат да пијат млак чај по главните оброци во текот на денот, додека оние кои страдаат од грчеви во желудникот или болки во зглобовите, чајот можат да го пијат само повремено, по потреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот