„Чајна Истерн” ги суспендираше летовите кон САД

Компанијата до 10 февруари ги суспендира сите летови од Шангај за Лос Анџелес и за Њујорк, пренесе Си-Ен-Ен.

„Чајна Истерн” (China Eastern) е првата голема кинеска авио-компанија која заради коронавирусот ги суспендира летовите за и од САД.

„Чајна Истерн” до 10 февруари ги суспендира сите летови од Шангај за Лос Анџелес и за Њујорк, пренесе Си-Ен-Ен.

Суспендирани се и летовите за Сан Франциско, Чикаго и Хонолулу.

Си-Ен-Ен наведува дека на сајтот на „Чајна Истерн” не е можно да се резервира лет за САД се до 29 март.

Големите интернационални авио-компании, како „Ер Канада”, „Американ Ерлајнс”, „ Бритиш Ервејз”, „Делта”, „Луфтханза” и „Катар Ервејз” веќе ги суспендираа сите летови за и од континентална Кина се до крајот на февруари и подолго.

Од епидемијата на коронавирус во Кина веќе починаа 425 лица, а над 20.000 се заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот