Чај наменет за Македонија, ја дигна на нозе британската амбасада во Тирана (ВИДЕО)
Попладневниот чај е познат и смирувачки ритуал за Британците. Но, пакет со чај кој пристигнал на пладне во просториите на британската амбасада во Тирана го вознемирило обезбедувањето во амбасадата, како и албанската државна полиција.
Причина за алармот на властите стана фактот дека никој не го нарачал сомнителниот пакет, кој бил испратен од Индија и за кој првично се мислеше дека би можело да има експлозивна материја или отров, јавува Топ Чанел.
Како што се известува, во 13.30 часот кесе со чај со натпис “Green sense organic”, преку пошта било испратено до британската амбасада, но нејзината содржина беше позната само откако интервенираше полицискиот оддел, специјализиран за такви ситуации.
Настанот е потврден и од британската амбасада, која додава дека се следел вообичниот протокол, информирајќи ја полицијата за настанот.
Од друга страна, од албанската полиција неофицијално велат дека поради сомневања оти можело да се работи за експлозивна материја или за пакет со отровни материи, било интервенирано со контролирана експлозија.
Веднаш по тоа, материјалот бил препратен во криминалистичката лабораторија, иако всушност од прелиминарната истрага се потврдило дека внатре во пакетот немало ништо друго освен органски чај.
Полицијата за Топ Чанел вели дека чајот бил нарачан во Индија и требало да биде предаден во Македонија.