Чаирчанец се заканувал на соседите, потоа пукал во нивниот стан

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 24 јуни, со  оп­што­о­пас­но дејс­твие предизвикал  зна­чи­тел­на опас­ност за жи­во­тот и те­ло­то на тројца оштетени. Додека оштетените седеле во стан на улица „Никола Грчето“ во Чаир, обвинетиот 33-годишник, инаку нивен сосед, дошол на вратата, започнал да тропа, обидувајќи се насилно да влезе. Во обидот не успеал, бидејќи вратата била заклучена, па започнал да им се заканува.

-Потоа тој се симнал во дворот позади зградата и од таму започнал да пука кон прозорците и фасадата на станот на оштетените. Од пиштол од непозната марка испукал осум куршуми со калибар 6,35 мм. За да не бидат повредени, оштетените се скриле во спалната соба и настанот го пријавиле во полиција- наведува ОЈО Скопје.

Ценејќи дека и натаму постојат законските основи поради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на притворот за ова лице.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот