
Чаеви кои треба да ги избегнувате доколку сте настинати
Уште од мали нозе нè учеа дека треба да пиеме многу течности кога сме настинати, особено топол чај. Сепак, се препорачува претпазливост при изборот на чај бидејќи не сите се погодни за борба против тврдоглавите симптоми на настинката. Билните чаеви имаат лековити својства, но ако избереме погрешна билка – симптомите може да траат уште подолго, пишува „Живим“.
Препорачано
Пробајте нешто друго
Нането и камилицата имаат отежнувачки ефект при настинки и грип. Ако се земаат премногу често, тие ја суша слузницата.. И токму тоа не ни треба во борбата против вирусите бидејќи ако слузницата ни е сува – тоа нема да ни помогне.
Наместо тоа, треба да пиеме чај од жалфија, особено кога имаме болки во грлото. Благодарение на неговите антиинфламаторни есенцијални масла, тој е ефикасен против овој симптом. Ако имаме кашлица, треба да посегнеме по лековитата мајчина душица.
Се разбира, непиењето чај е уште полошо, па дури и да пиете чај од пеперминт или камилица, ништо лошо нема да се случи. Сепак, со огромен избор на чаеви, дајте си одмор и пробајте некои други.
Направете сами чај за здравје
Потребни состојки:
- кесичка зелен чај,
- мало стапче цимет,
- 1/2 лажичка куркума во прав
- чаша вода
Подготовка:
Зовријте вода и додадете кесичка чај со куркума во прав или рендана сирова куркума. Оставете дополнително да се вари и додадете го циметот. Откако состојките се натопени, послужете го чајот со лажица мед.