Чадот од оџаците – аларм за инспекторите

Овaa зима околу 5 илјади оџаци помалку ќе чадат во Скопскиот регион. Ова се должи на одлуката на голем број семејства своите печки на дрва да ги заменат со инвертер-клими, искористувајќи ја можноста за субвенционирање, која ја нуди Град Скопје, во соработка со Владата. Токму поради тоа, надлежните очекуваат намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во Скопје, кој во изминативе неколку години, многу често се вбројуваше во листата на најзагадени градови во светот.

Сите што сакаат да го променат начинот на затоплување, имаа можност да аплицираат за субвенции, со што на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер-уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето-износ.

За да ги добијат средствата, граѓаните треба да ги предадат грејните тела на цврсто гориво. Печките што се предаваат од граѓаните се носат во два пункта на  ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош и во Вардариште.

– Градот доби средства за замена на некаде околу 5.300 печки, 4.080 апликации веќе имаме добиено, во наредната недела ќе го продолжиме аплицирањето на граѓаните и во текот на оваа зима ќе имаме некаде околу 5.000 оџаци помалку во Скопската котлина – изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој заедно со претседателот на Владата Зоран Заев и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, беа во посета на пунктот во Рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош.

Прочитајте и...  Јовески: Обвинителството истражува и други околности поврзани со плацевите на Водно

Тој истакна и дека, во изминатите две години аерозагадувањето во Скопје  бележи тренд на опаѓање и ги повика градоначалниците на општините Сопиште, Чучер-Сандево, Арачиново, Илинден и Петровец, и тие да се вклучат со организирање вакви акции, бидејќи, како што рече, воздухот не познава граници и на тој начин сите жители на Скопската котлина ќе дишат почист воздух.

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, пак, ги повика граѓаните да се вклучат во овој проект и да обезбедат почисто, поевтино и поеколошко греење за себе и за своите семејства, а со тоа да инвестираат и во зачувувањето на чистиот воздух.

– Сите што имаат дилема околу потрошувачката на електрична енергија сакам да ги информирам дека инвертерите трошат малку струја, а во секој случај, по сите пресметки, штетата за околината од производството на струјата потребна за греење на домовите преку инвертери е далеку помала од штетата што настанува од греењето на тие домови со печки на дрва или на јаглен – нагласи Ковачевски.

Прочитајте и...  Макрадули кандидат за нов директор на Македонска пошта?

Премиерот Заев потенцираше дека оваа акција е дел од стратешките   приоритети што минатата година си ги постави Владата.

– Јас сакам да се заблагодарам на АД ЕСМ за обезбедените 10 милиони евра за реализација на оваа акција за замена на нееколошките грејни тела со висококвалитетни инвертери, како и на Град Скопје и на градските јавни претпријатија што ја реализираат оваа замена, но секако и на граѓаните на Скопје. Како Влада ќе продолжиме да преземаме мерки за да обезбедиме здрава животна средина за нас и нашите деца – изјави Заев.

Во реализацијата на акцијата за собирање на старите печки, учествува и „ЈП Комунална хигиена“ и тоа преку собирање и транспорт на старите печки за затоплување на домаќинствата што користат нееколошки енергенси.

Прочитајте и...  Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во светот е близу 45 милиони

Во наредните две години, според условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, во однос на тоа да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

Доделувањето субвенции за инвертер клима-уреди за затоплување на домаќинствата е дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акцискиот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје.

Ќе се подигаат печки во Ѓорче Петров, Карпош и во Центар

Викендов  жителите на Ѓорче Петров, Карпош и Центар кои ги исполниле условите за добивање на парични средства за набавка на нови клима-уреди, имаат можност да ги вратат нееколошките печки што веќе не ги употребуваат. Вакви слични акции досега беа реализирани во општините Сарај и во Шуто Оризари.

Поврзани вести

Др- Митов: Медицината конечно се приближи кон превентива

Слободен печат

Црн ден за Русија, изброија 346 починати од коронавирус

Слободен печат

Изработен е прашалник за онлајн купување

Слободен печат

ВИДЕО: Уште едно убиство на Афроамериканец од страна на полицијата покрена жесток револт во Америка

Слободен печат

Сајбер напад на една недела до изборите во САД: Хакиран сајтот на претседателската кампања на Доналд Трамп

Слободен печат

ВИДЕО: Носете си заштитни маски, МВР вчера казни 830 лица

Слободен печат

Остави Коментар