Чадловска: Националната опера мора да има железен репертоар за да биде успешна

Чадловска откри дека за отворањето на Мајските оперски вечери, Операта подготвува премиера на „Набуко“, која ќе ја постави познат режисер.

Диригентката и директорка на Националната опера гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, каде истакна дека институцијата мора да има железен репертоар за да биде успешна.

-Ние може да правиме и поинакви, забавни претстави, но за да оркестарот, хорот и солистите се одржат во форма во каква што мора да бидат за да се дел од една голема оперска куќа, мора да се поставуваат претстави од железниот репертоар. Мојата идеја е дека првенствено треба да се обноват тие претстави од железниот реперотар, бидејќи во најголем дел беа застарени и одамна необновени- рече Чадловска.

Чадловска откри дека за отворањето на Мајските оперски вечери, Операта подготвува премиера на „Набуко“, која ќе ја постави познат режисер.

-Станува збор за многу интересна постановка, која ќе допре до помладата публика и според визуелниот израз, како што тоа се прави во светот- додава Чадловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот