Чадиковски: Ја продолжувам мојата мисија да се грижам за моите мали херои, во подобри услови и подобар систем

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски вечерва на Инстаграм објави фотографија под која напиша дека е од времето кога здравјето на најмалите било пред личните интереси, политиката и парите.

-Оваа фотографија е вистински пример за времињата кога борбата за обезбедување на квалитетен третман за децата беше секогаш приоритет. Кога здравјето на најмалите беше пред личните интереси, политика, пари… Здравјето и грижата за децата за мене е најважно. Останувам посветен на борбата за здрави генерации. Ја продолжувам мојата мисија да се грижам за моите мали херои, во подобри услови и подобар систем, напиша Чадиковски на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот