Чадиковски: Без силна МРТВ ќе нема медиумски реформи

„Јас не знам кому му треба ваква нереформирана МРТВ и дали на овој начин се прави еден преседан. Создаваме клима на недоверба во целиот медиумски сектор, бидејќи МРТВ мораше да биде оној круцијален лидер на промените во медиумската сцена. Наспроти тоа, ние имаме една МРТВ која никако не може да се нарече предводник на стандардите во телевизиското новинарство“, вели Чадиковски.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ зборуваше за состојбите во Македонската радио телевизија.

– Тие имаат свое различно толкување, но ние мора да кажеме дека мандатот на овие луѓе траеше и трае пет години и беше истечен се до моментот кога Собранието донесе една „сомнителна“ одлука за продолжување на мандатот, но без нов избор. Тоа во вакви услови е на граница на легитимност. Проблематично е и тоа што надзорниот одбор што тие сега го избраа ќе треба да се грижи и да го ревидира комплетното и финансикото и материјално работење токму на овој Совет за кој што велиме дека сега работи на граница на легитимност, изјави Чадиковски во врска со состојбите во МРТВ и минатонеделното соопштение кадешто се спори огласот за избор на надзорен одбор на Македонската радио-телевизија од страна на програмскиот Совет.

„Да се донесе одредба со која што мандатот на раководно тело ќе трае до изборот на ново раководно тело е проблематичен од аспект на тоа што ова може да трае и доживотно, доколку партиите или идните носители на власта и опозицијата во земјата одлучат дека им одговоара да работи постојното тело. Јас не знам кому му треба ваква нереформирана МРТВ и дали на овој начин се прави еден преседан. Создаваме клима на недоверба во целиот медиумски сектор, бидејќи МРТВ мораше да биде оној круцијален лидер на промените во медиумската сцена. Наспроти тоа, ние имаме една МРТВ која никако не може да се нарече предводник на стандардите во телевизиското новинарство“, смета тој.

– Ако го видиме примерот во некои соседни земји, каде нема некои „сјасјни“ сервиси, имаме многу подобро ниво од нашето. Ќе забележиме дека медиумскта слика е сосема поинаква и во однос на приватните медиуми, бидејќи ако имате ееден лидер на пазарот тогаш нема друг избор и за приватните медиуми освен да го следат – и во новинарска, професионална и во етичка смисла на работењето. Сега имаме еден пазар кај што приватните медиуми се оставени сами на себе и тие се договараат дека нема потреба да се крева квалитетот на програмата. Затоа доминираат турски серии, шоу програми од шунд карактер, кои да, носат публика, но каде е едукативниот карактер, образовниот елемент и јавниот интерес на тоа – рече Чадиковски.

Смилка Јанеска-Саркањац, претседателка на програмскиот Совет на МРТВ, во „Утрински брифинг“ изјави дека и тие ги имале истите дилеми и побаралее совети од правници.

– Побаравме мислење и од ДКСК и заклучивме дека единствен чекор што мора да го преземеме е да распишеме оглас за избор на Надзорен одбор. Во членот 43 од измените на законот од 2018 наведено е дека членовите на програмскиот Совет, диреткоторот и заменикот директор на МРТВ имаат мандат се до изборот на нови претставници, но не е опфатен и надзорниот одбор, така што мандатот на надзорниот одбор завршува на почетокот на март и затоа распишавме конкурс. Доколку не распишевме ќе се блокираше работата на МРТВ – изјави Саркањац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот