“Чад на хоризонтот” нова публикација на ГИ-ТОК за нелегалното оружје на Балканот

Во својата нова публикација Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) насловена како Чад на хоризонтот анализира дека како што се зголемува приливот на оружје во руско-украинската војна, така паралелно се зголемува и ризикот од потенцијалниот шверц на истото надвор од границите на војната.

Александар Србиновски, координаторот за Македонија и Југоисточна Европа за ГИ-ТОК, информира дека ова истражување било спроведено во 2023 и 2024 година на територијата на Украина и во државите од Западна и Источна Европа и Балканот.

– Во истражувањето вршевме собирање на цените на црниот пазар за оружјето во Украина, во Европа и на Балканот, под претпоставка дека ако се изврши споредба на цените во различни локации, ќе се дознаат и потенцијални промените во овој нелегален бизнис. Токму сублимираните податоци на овој начин на глобално ново ќе ни ја расветлат и природата на понудата и побарувачката на нелегалното оружје на национално и транснационално ниво – вели Србиновски.

Според него податоците во истражувањето се добиени од најмалку стотина интервјуа со претставници на полициите на државите во Европа, истражувачките новинари, универзитетските професори како и претставниците на подземјето во бројните земји.

Александар Србиновски / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

– Квалитативните интервјуа со извори од подземјето, органите на прогонот, новинарите и други помогнаа да се разјасни сликата за овој проблем во однос на податоците за побарувачката за оружје кај криминалците, апетитот за ризик и потенцијалните двигатели и бариери на овие структури. За да ја имаме целосната слика се изврши и собирање на информации за заплени и официјални извештаи за огнено оружје и истражување за трговијата на оружјето на дарк веб интернет страниците – објаснува Србиновски.

Што се однесува на Балканот, додава Србиновски податоците во публикацијата Чад на хоризонтот, велат дека барем засега не постои доказ дека балканските криминални групи шверцуваат оружје кон и до украинските фронтови, но она што е многу загрижувачко е дека цената на нелегалното оружје е во пораст во регионот, а тоа е пак иницира дека за оружјето на Балканот расте и побарувачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот