Центарот на Скопје утре ќе биде затворен во изменет термин

Санкционирани се 174 пешаци од кои, 144 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, осум за минување на црвено светло/ Фото: Архива на Слободен печат

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека поради промена на терминот за одржување на манифестацијата “Вело Фиеста”, изменет режим на сообраќај во главниот град во недела, на 19 септември, ќе има во периодот од 09 до 14.00 часот.

Посебниот режим на сообраќај ќе важи на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје.

На дел од ул.„Димитрие Чуповски”, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев” до крстосница со ул.„11 Октомври” во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот