Центар повторно бара асистенти за учениците со посебни образовни потреби, на првиот повик немало доволно заинтересирани

Фото: Општина Центар

Општина Центар повторно го распиша јавниот повик за ангажирање лични асистенти за потребите на ученици со посебни образовни потреби за учебнава година, затоа што на претходниот повик не биле пријавени доволно кандидати за лични асистенти, а како што велат од Општината, зголемен е бројот на ученици, кои имаат потреба од помош и придружба во текот на наставата.

Заинтересираните лица кои ќе бидат вклучени во проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно, во период од 4 месеци, почнувајќи од 15 февруари годинава па до завршување на учебната година.

Од Општина Центар информираат дека работните позиции препишани во овој Јавен повик се однесуваат на ангажирање  лични асистенти со минимум завршено средно образование од која било област, кои имаат претходно искуство во работа со лица со попречености со предност на кандидатите што се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување. На огласот можат да се јават и кандидати кои имаат завршено одделенска или предметна настава, педагогија, дефектологија, психологија и социјална работа, како и кандидати кои имаат претходно искуство во работа како лични или образовни асистенти и кандидати кои поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попречености издадена од овластена инситуција.

Општина Центар напоменува дека заинтересираните лица кои ќе се пријават за учество во Проектот „Образование за сите“, треба да припаѓаат на една од неколкуте категории – долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители или родители на деца со пречки во развојот.

Јавниот оглас ќе трае 5 работни дена од денот на објавувањето, а за сите потребни документи и начин на аплицирање заинтересираните граѓани можат да прочитаат на веб страната на Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот