Цените на житото се враќаат на нивоата пред конфликтот во Украина

Фото: Vladimir Sindeyeve/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Цените на житото се враќаат на нивото непосредно пред почетокот на конфликтот во Украина на 24 февруари. Аналитичарите коментираат дека цените барем привремено се ослободени од премии поврзани со геополитички ризици, објави консултантската компанија Агрител, а пренесува порталот Агрархојте, објави Политика рс.

Претходните извештаи укажуваа дека светскиот пазар сега е преплавен со украинска, особено руска, пченица, а најавата за рекордна жетва во Австралија, која ја намали загриженоста за глобалната понуда, ја намали цената.

Според извештаите, цените на пченицата паѓаат до 300 евра за тон, а на берзата во Чикаго достигнаа годишен минимум или нивото пред руско-украинскиот конфликт. Фјучерсите за пченица во Европа се склучени по најниски цени од март годинава.

-Се чини, сепак, приказната е далеку од завршена и дека покрај вообичаените проблеми во зимскиот период, во наредните недели се повеќе ќе доаѓаат до израз и геополитичките проблеми, оценуваат аналитичарите на оваа консултантска куќа.

Европската унија веќе извезла 14,9 милиони тони обична пченица до 4 декември, што е малку повеќе од 14 милиони во претходната кампања. Само Франција извезла 5,89 милиони тони, а Германија продала 1,58 милиони на трети земји. Според објавените податоци, увозот на пченка на ниво на ЕУ изнесува 12,56 милиони тони (од кои 43 отсто се од Украина), што е значително повеќе од лани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот