Цените на основните производи ќе останат замрзнати и во февруари

Маркет, пазарење/ Фото Архива на СП

Владата на Република Северна Македонија соопшти дека на денешната осма седница донела одлука да се продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи, како што се: леб, шеќер, брашно-тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини.

Со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст (акциски попуст/снижување/распродажба) кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа интервентна мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година, велат од Владата.

Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги замрзна цените на одредени основни прехранбени производи. Дополнително беше донесена и одлука да биде замрзната и цената и на оризот, тестенините и јајцата. Замрзнувањето на цените важи во трговијата на мало и на големо.

Од Владата тогаш најавија дека одлуката за определување највисоки цени на основни прехранбени производи може да биде продолжена и по 31 јануари 2022 година, ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот