Цените на горивата остануваат исти

Точење гориво/ Фото МИА

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и од ноќеска на полноќ остануваат исти, а на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто.

Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 и натаму останува 76,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 78,5, Еуродизел (Д-Е V) за 68,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 68 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, за 0,633 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,377 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,040 отсто, а кај дизелот за околу 0,304 отсто, додека курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,454 отсто.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот