Цената на акциите на „Тесла“ падна за 70 отсто

Тесла/ Фото ЕПА

Цената на акцијата на „Тесла“, најголемиот производител на електрични автомобили во светот, од почетокот на годинава падна за околу 70 отсто. Пазарната капитализација на „Тесла“ е 389 милијарди долари, колку што вредеше на крајот на 2020 година, додека највисоката вредност на оваа компанија беше повеќе од 1.150 милијарди долари на крајот на 2021 година. Само во овој месец вредноста на компанијата основана од Илон Маск падна за околу 36 отсто, па акциите на крајот на минатата недела вредеа 123,15 долари.

Ова е најголем пад на вредноста на акциите на „Тесла“ откако таа котира на берзата. Во пад се и другите иновативни компании, но според „Форбс“ падот на „Тесла“ далеку ги надминува останатите. Овој американски магазин наведува дека „Мета“ (сопственикот на „Фејсбук“) годинава паднал за 65,5 отсто, „Амазон“ – 50,9 отсто, а „Нетфликс“ – 50,8 отсто. Дури и Биткоинот, кој падна за 64,8 отсто, и покрај сите контроверзи, се покажа подобро од „Тесла“.

Ненад Гијаничиќ, брокер во „Моментум секурица“, вели дека тоа што акциите на „Тесла“ забележаа голем пад не значи ништо за нивното движење во иднина. Акциите на „Тесла“ припаѓаат на ризичен тип на инвестиција и тие можат да се препорачаат само на инвеститори кои имаат поголем апетит за ризик. Вреднувањето на таа компанија е сè уште доста високо, особено ако наиде на посериозни пречки за раст на бизнисот во следните и следните години. За падот придонесе и преокупираноста на Маск со „Твитер“, кој го презеде и на кој му одзема многу од неговото менаџерско време потребно за водење на „Тесла“.

Од факторите кои не се исклучиво поврзани со „Тесла“, на пониското вреднување на акциите влијае растот на каматните стапки, што ја намалува потенцијалната побарувачка за нејзините производи – изјави Гујаниќиќ за Политика. рс. И покрај се, според „Форбс“, „Тесла“ останува убедливо најголема автомобилска компанија во светот, со пазарна капитализација од 389 милијарди долари, што е над проценетата вредност на вториот по големина производител на автомобили „Тојота“ од 190 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот