Цени за сместување во Грција за 2023 година

Фото: Принтскрин / Instagram

Грција секоја година е домаќин на околу 30 милиони посетители од целиот свет, а земјата е најпопуларната дестинација за одмор меѓу нашите туристи. Прекрасните плажи, тиркизното море, историските места, како и гостопримливите домаќини, ја прават Грција совршено место за одмор. Меѓутоа, оние кои планираат да ја посетат за првпат се прашуваат колку ќе чини летувањето годинава и како да ја најдат најдобрата понуда за сместување,  порталот „Грчка инфо“ објави ценовник и водич за цените за одмор во 2023 година.

Просечни цени

Цените на сместувањето во Грција варираат во зависност од туристичката дестинација, близината до морето, видот на сместување, сезоната и други фактори. Еве преглед на просечните цени за сместување во Грција:

Хотели: Цената на хотелското сместување во Грција зависи од бројот на ѕвезди, сезоната, локацијата и понудата. Генерално, хотелското сместување во Грција може да чини помеѓу 30 и 200 евра за ноќ, во зависност од категоријата на хотелот.

Фото: Unsplash

Студија: Студио без поглед на море може да се најде за околу 30-50 евра од ноќевање во предсезона и постсезона, додека во сезона цената може да биде околу 60-100 евра од вечер. Студио со поглед на море може да чини околу 50-80 евра од ноќевање во претсезона и постсезона, додека во сезоната цената може да биде околу 100-150 евра од ноќ. Цените може да бидат значително повисоки на островите и на попопуларните туристички дестинации како што се Санторини и Миконос, каде цените на студиото со поглед на море можат да достигнат и до 200-300 евра за ноќ во екот на сезоната.

Апартмани: Цената на еднособен стан во Грција може да се движи од 30 до 100 евра за ноќевање, додека цената на двособен стан може да биде од 60 до 150 евра за ноќевање. Луксузните апартмани со поглед на море и приватен базен се значително поскапи и чинат над 300 евра од ноќ.

Вили: Вилите се популарен избор за поголеми семејства или групи пријатели кои бараат приватност и повеќе простор. Цените на вилите во Грција се движат од 100 до 400 евра за ноќ, во зависност од локацијата и големината.

Фото: Unsplash

Кампување: Грција има многу кампови кои нудат сместување во камп приколки или за кампување во вашите сопствени шатори. Цените за кампување во Грција се движат во просек од 5 до 15 евра за ноќевање, во зависност од локацијата и сезоната.

Забелешка: Овие цени се само индикативни и може да варираат во зависност од многу фактори, како сезона, попусти, достапност и други. Исто така, цените на сместувањето во Грција се секогаш повисоки во текот на главната сезона (јули и август) во споредба со претсезонската и пост-сезоната.

Дали сместувањето е поскапо на островите или во континентална Грција?

Во Грција има разлики во цените за сместување помеѓу островите и континентална Грција. Општо прифатено е мислењето дека островите се поскапи од копното, но тоа зависи и од многу фактори, како што се популарноста на одредена дестинација, сезона, тип на сместување, дали е вклучен појадок или полупансион, превоз итн.

Островите кои се популарни кај туристите, како што се Санторини, Миконос, Крит, Родос и Крф, често имаат повисоки цени за сместување, храна и пијалоци во споредба со некои помалку познати острови. Исто така, поради ограничените ресурси и повисоките транспортни трошоци, цените на храната и пијалоците на островите обично се малку повисоки отколку на копното.

Фото: Unsplash

Сепак, има и острови кои не се толку популарни меѓу туристите, а нивните цени се попристапни. Покрај тоа, континентална Грција има и многу популарни туристички дестинации, како што се Атина, некои делови на Халкидики, Пелион, кои имаат цени кои можат да се споредат со цените на островите.

Значи, генерално може да се каже дека цените на островите во Грција обично се малку повисоки во однос на цените на копното.

Кои се најевтините грчки острови?

Поевтини и попристапни грчки острови за туристите обично се оние кои не се толку популарни и не се посетени од толку многу туристи. Овие острови можеби се попристапни за сместување, храна и пијалок, но имаат и свој шарм и убавина што вреди да се истражи. Еве некои од најевтините грчки острови:

Евија: Евија се наоѓа во близина на Атина и е втор по големина остров во Грција по површина и еден од најзгодните. Евија е помалку познат остров во споредба со некои други грчки острови, но има што да им понуди на туристите: прекрасни плажи, недопрена природа, традиционални села и археолошки локалитети.

Цените за сместување и храна на Евиа обично се попристапни во споредба со некои од најпопуларните острови во Грција. Во зависност од локацијата и видот на сместувањето, цените може да варираат, но тие обично се пониски во споредба со островите како Санторини, Миконос, Крф или Родос.

Евија е добро поврзана со копното и со Атина, па затоа е лесно достапна за туристите. Исто така, островот е помалку посетен од некои други острови, што го прави идеален за оние кои бараат помалку гужва и сакаат да истражуваат помалку познати делови од Грција.

Икарија: Икарија се наоѓа во источниот дел на Егејското Море и има репутација како еден од најевтините грчки острови за туристи. На островот има многу локални таверни со пристапни цени за храна и пијалоци, а сместувањето е исто така релативно прифатливо.

Тилос: Островот Тилос се наоѓа во јужниот дел на Додеканезите и е познат по недопрените пејзажи, мирната атмосфера и пристапните цени за сместување.

Лефкада: Лефкада е остров во Јонското Море и е познат по своите прекрасни плажи и природа. Цените за сместување и храна на Лефкада обично се пониски од некои други острови во Јонското Море.

Тасос: Цените на апартманите и студијата на Тасос се движат од 30 до 60 евра за ноќевање за помали апартмани и студија и од 60 до 100 евра од ноќ за поголемите. Цените на вилите со базен се повисоки и се движат од 100-300 евра за ноќевање.

Цените на хотелите на Тасос се движат од 30-50 евра од ноќ за хотел со 2 ѕвезди до 150-300 евра од ноќ за хотел со 5 ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот