Цената на храната во светот паѓа, кај нас расте – во август храната поскапена за 1,2 отсто во однос на јули

Производи на каса во маркет / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август во однос на јули годинава изнесува 0.5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Цените на мало во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,5 проценти. Трошоците на животот во август годинава, во однос на август минатата година, бележат зголемување од 2.2 проценти, а цените на мало од 3 проценти.

Најголем скок на цените има кај храната и безалкохолните пијалоци 1,2 проценти, за разлика од светот каде што цените на храната благо паднаа во август во споредба со јули, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Цените за рекреација и култура во август се зголемени за 1.1 процент, здравје за 0.8 проценти, ресторани и хотели за 0.7 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.6 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0.5 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 процент.

Во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 2.2 проценти, облека и обувки, разновидни стоки и услуги за 0.3 проценти

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот