Целосно изгоре куќа во Волково, нема повредени

Пожарникари / Фото: Архива

Целосно изгоре куќа во село Волково, во сопственост на Б.Ц. (57), соопшти МВР.

Пожарот бил пријавен вчера во 13.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: МИА

Видео на денот