Цело богатство за дресот на Коби Брајант, се предвидува светски рекорд

Коби Брајант со Лејкерси дебитираше во НБА во сезоната 1996/1997/ фото: EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Некој ќе треба да плати цело богатство за опремата која легендарниот Коби Брајант ја носеше во првата сезона во НБА лигата.

Минатата година дресот на Коби Брајант од неговата дебитантска сезона во НБА лигата беше продаден за 3.690.000 долари, а предметот што наскоро ќе се најде на аукција би требало да ја надмине таа цифра. Според експертите кои продаваат спортска опрема, вториот дрес на Коби вреди повеќе и би можел да чини дури 5 милиони долари.

Станува збор за жолт дрес со виолетови детали, број осум и презиме Брајант, кој Коби го носеше четири пати во текот на сезоната 1996/97.

Анонимен продавач на дрес го чувал претходните 25 години, а засега не е познато како дошол во негова сопственост.

Дресот е во совршена состојба, а независни стручњаци потврдија дека е автентичен, токму оној што го носеше Брајант. Предноста во продажбата би можело да биде тоа што не е потпишана, бидејќи некои колекционери не сакаат автограми на спортските опреми што ги купуваат.

Поради сето тоа, аукциската куќа претпоставува дека цената на овој дрес ќе биде некаде помеѓу четири и пет милиони долари, што ќе биде нов светски рекорд кога се во прашање кошаркарските дресови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот