Целје едвај го совлада РК Алкалоид на струшкиот ракометен турнир

Втор триумф на словенечкиот Целје на струшкиот ракометен турнир/Фото: facebook.com/ihtstruga

Екипите на РК Алкалоид и РК Целје од Словенија го отворија вториот ден на 50 издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Словенечкиот состав славеше во самиот финиш од мечот со конечен резултат 29:28 против новиот суперлигаш Алкалоид предводен од македонскиот селектор Кирил Лазаров.

Во победничките редови Стрмљан беше најефикасен со пет голови, а истиот учинок на спротивната страна го имаше Стојков.

Ова е втора победа за Целје на струшкиот турнир, откако на стартот беше подобар и од Бутел Скопје со 31:20, а втор пораз за Алкалоид кој во првиот дуел беше совладан од Вардар 1961.

На вториот ден од турнирот АЕК Атина од Грција игра против словачкиот Татран Прешов, а Вардар 1961 ја има фаворитската улога против Бутел Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот