Целијакија: Причини, симптоми и како да ја ставите под контрола оваа непријатна болест?

Фото: Pexels / Andrea Piacquadio

Целијачна болест или глутенска ентеропатија е автоимуна болест, односно болест каде што имунолошкиот систем ги напаѓа сопствените клетки на телото кога протеинот глутен што се наоѓа во одредени зрна ќе се внесе во телото.

Симптомите на целијакија варираат од личност до личност, тие може да бидат многу непријатни и можат да се спречат со исфрлање на глутенот од исхраната. За жал, ова заболување често останува недијагностицирано бидејќи симптомите може да укажуваат на многу други состојби. Затоа е неопходно да се направат низа тестови за да се добие вистинската дијагноза.

Симптоми на целијачна болест

Симптомите на болеста се појавуваат откако лицето ќе внесе храна што содржи глутен и се поврзани со дигестивни проблеми како дијареја што трае подолго од една недела, стомачни болки, надуеност, запек, светла боја на столицата, драстично губење на телесната тежина, гадење, гастритис и други. Кај некои луѓе може да се појави и анемија, остеопороза, осип на кожата, главоболка, намалена плодност или болки во зглобовите.

Од друга страна, некои луѓе може да имаат благи симптоми и можат да поминат половина живот без да знаат дека страдаат од целијачна болест. Ако боледувате од атипична целијакија присутен е само еден симптом како што е анемија, а исто така постои и асимптоматска целијачна болест каде што лицето нема никакви симптоми.

Ако лицето со целијакија продолжи да јаде глутен, може да се појават различни проблеми, вклучувајќи оштетување, воспаление и болести на слузницата на тенкото црево и неможност да апсорбираат хранливите материи. Кај децата, ова може да доведе и до забавен раст и развој.

Што предизвикува целијакија?

Не е познато што точно ја предизвикува оваа болест и зошто имунолошкиот систем се однесува на овој начин. Една од причините е генетско наследување на болеста, но на појавата на болеста може да влијае и околината.

Целијачната болест е почеста кај жените, додека првите симптоми обично се појавуваат или на најмала возраст, кај бебиња до 12 месеци или на постара возраст помеѓу 40 и 60 години. Исто така, целијачната болест е поверојатно да се појави кај луѓе што имаат друга автоимуна болест.

Како се дијагностицира целијачна болест?

Кога дијареjата трае подолго од неколку денови, а не станува збор за цревни вируси, неопходно е да се посети лекар. Исто така, кога некое лице ќе почувствува проблеми по јадење храна што содржи глутен, треба да се консултира со лекар.

За да се постави правилна дијагноза, потребен е разговор со лекар во кој се опишани сите симптоми. Потоа се прават низа тестови, како комплетна крвна слика, проверка на нивото на железо во крвта, ендоскопија, а понекогаш и биопсија на слузницата на тенкото црево. Во дијагнозата може да помогне и елиминирање на глутенот на одреден временски период, како на пример, еден месец и следење дали ќе има промени.

Како се лекува целијакија?

За оваа болест нема лек, но најважно е да се исфрли од исхраната глутенот и сите производи што го содржат, поточно храната што содржи пченица, ориз, јачмен, а во некои случаи и овес. На овој начин целосно ќе се ублажат симптомите, а ќе се спречат потенцијалните компликации. Луѓето со целијачна болест мора внимателно да го читаат составот на производите, особено етикетите на преработената храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот