Цел свет пука сеир: Погледнете ги најсмешните реакции за падот на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

Ова се најсмешните реакции од твитерџиите низ светот и Македонија по падот на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап - на шегите се приклучија и светските брендови / Колаж: СП.
Трите апликации Фејсбук, Инстаграм и Ватсап – кои се во сопственост на Фејсбук и работат на заедничка инфраструктура – вчера целосно престанаа да работат, кратко пред 18 часот. Други производи што се дел од истото семејство апликации, како што е Фејсбук Воркплејс, исто така престанаа да работат.

Корисниците на Фејсбук едноставно видоа дека нивниот прелистувач не може да се поврзе. Апликациите Ватсап и Инстаграм продолжија да работат, но не прикажуваа нова содржина, вклучувајќи пораки испратени или примени за време на проблемите.

Милиони корисници беа засегнати, а блокадата настанала при промена на конфигурацијата. Грешката се случила на насочувачите кои го координираат протокот на информации меѓу Фејсбук и серверите, се вели во денешен блог. Бидејќи дошло до пореметување и во функционирањето на интерните системи и софтвер алатки, било тешко брзо дијагностицирање на проблемот и негово решавање. Комплетниот прекин траеше вкупно околу шест часа.

Објаснувањето на Фејсбук се поклопува со претпоставките на интернет експертите, дека грешката е кај инфраструктурата во самиот концерн. Фејсбук нагласува дека не располага со никакви укажувања дека поради прекинот на услугите се доведени во опасност податоците на корисниците.

– Ова не е хакерски напад, туку човечка грешка со конфигурацијата на DNS системот на Фејсбук, изјави Марко Ракар, експерт за комуникација и ИТ, за jutarnji.hr.

Прекините на Фејсбук се случуваат релативно ретко, но имаат огромно влијание. Компанијата честопати е криптична за причините за какви било проблеми и нема тенденција да ги објаснува дури и откако ќе се поправат. Во 2019 година, на пример, доживеа најголем прекин во последните години – и само рече дека „предизвикал проблем“ за време на „рутински операции за одржување“.

Поклопување на падот со откритието на свиркачот

Прекинот дојде утрото откако во емисијата „60 минути“ се емитуваше сегмент во кој свиркач од Фејсбук, Франсис Хоген тврдеше дека компанијата е свесна за тоа како нејзините платформи се користат за ширење омраза, насилство и дезинформации, и дека Фејсбук се обиде да ги скрие тие докази. Фејсбук ги отфрли овие тврдења.

Интервјуто следеше по неколку недели известување и критики за Фејсбук откако Хоген објави илјадници страници внатрешни документи до регулаторите и Волстрит Џурнал. Хауген треба да сведочи пред поткомитетот на Сенатот во вторник.

Најдобрите мимови

Падот на овие апликации предизвика најголем сообраќај на социјалната мрежа Твитер досега, каде се одвиваше вистинско „лудило“ од реакции, па очекувано, цел твитер-тамјлан беше преплавен од мимови. Погледнете ги најсмешните:

„Марк Закерберг се обидува да ги поправи Ватсап, Инстаграм и Фејсбук“


„Луѓето што ги користат Фејсбук, Инстаграм и Ватсап одат накај плејстор за да ги инсталираат Телеграм и Твитер“

„Твитер ја држи ситуацијата под контрола“

И светските брендови ја искористија можноста за да се шегуваат на сметка на Фејсбук:

Креативност и кај македонските твитерџии:

И за крај, на сметка на падот на апликациите, се пошегувамве и ние 🙂

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот