Цеца за 2 месеца заработува 300 000 евра

цеца
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Легендата на фолк музиката Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе има вкупно 10 концерти во јули и август, а ако земеме предвид дека нејзиниот хонорара е 30 000 евра, тоа значи дека Цеца за само два месеци ќе заработи 300 000 евра.

Претходните денови таа имала настапи во Љубовија, каде пеела пред неколку илјади луѓе на отворено, по најголемиот дожд, а неколку дена подоцна пеела и во дискотека во Будва.

До крајот на месецот ќе настапува и во Врњачка Бања, додека во август има закажано уште седум концерти, од кои два во Македонија, во Охрид и Пробиштип. Се пишува дека за тие десет настапи, таа ќе заработи дури 300 000 евра, што секако е рекорд кога станува збор за летните турнеи на балканските sвезди.

цеца концерт
ФОТО: Принтскрин/Фејсбук

Близок извор до пејачката рекол дека таа добивала повици и понуди за соработка и за есенските месеци, но сè уште не закажувала настапи од септември бидејќи не е познато каква ќе биде состојбата поради можно влошување на пандемијата. Пред неколку дена таа за медиумите изјави дека сериозно се разболела по концертот во Љубовија затоа што била мокра од дождот скоро два часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

„Проблемот беше што бината беше на дваесетина минути возење од сместувањето каде што се подготвував, па мојата облека се исуши врз мене и ми се слоши. Со денови примав силни инекции, инфузии и инхалации. Но, како што можете да видите, успеав да се опоравам“, рекла Цеца.

Извор: „Kurir“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот