Цеца се отворила за љубовта и врските: „Не ми треба маж да бидам комплетна“
Цеца Ражнатовиќ во интервју за „Republika“ зборувала за нејзиниот став за љубовта и врските и за тоа како го добила прекарот „српска мајка“, велејќи дека на почетокот, всушност, не ѝ се допаѓал.
„Публиката ми го даде епитетот „српска мајка“, имав 26 години кога ми го наметнаа тој прекар. Тогаш беше скандал за мене, сега сум навикната, тоа е многу убав комплимент. Некои се бунат за мојот прекар, но тоа зборува за нивниот банален пристап“.
View this post on Instagram
„Ги доживувам осудите како досадни, предосадни, како може да не се уморуваат, дали овие луѓе имаат животи? Естрадата ме интересира само кога сум на сцена. Имам живот, имам со кого да се дружам, имам други интереси, не се занимавам со естрадата, фокусот ми е на сцената додека не направам концерт, имам интензивен приватен живот на кој сум посветена, големо семејство, замисли да трошам енергија на луѓе кои не ми се ништо“.
View this post on Instagram
Таа го спомнала и своето момче Богдан Срејовиќ, кој не ѝ правел друштво во Црна Гора, каде престојувала неколку дена.
„Богдан е зрел човек со свои одговорности. Тој воопшто не сака да се експонира и да оди со мене по моите настапи. Ние функционираме одлично. Богдан многу добро знае со кого е и не му пречи што сум толку изложена на јавноста. Прво се дружевме и оваа убава приказна произлезе од тоа пријателство“.
View this post on Instagram
„Важно е секој човек да има своја половина. Имав и долги периоди на осаменост, па не бев нефункционална. Најдов смисла и љубов во моите деца и публиката. Не ми треба маж да бидам комплетна. Не можам да бидам со некого само за да не бидам сама. Повеќе сакам да бидам сама отколку со било кој. Убаво е со Богдан и се додека е така, ќе бидеме заедно. Мојот живот е луд, не ми треба „луд камен“. Се омажив во минатиот век. Би останала сама во овој. Не ми треба лист хартија за да бидам среќна. И тој зад себе има и брак и убава ќерка, така што не ни треба ништо повеќе од она што го имаме“.
View this post on Instagram
Таа рекла дека повеќе ја препознаваат во Будва отколку во Кипар, каде што има куќа.
„Ме препознаваат повеќе тука отколку на Кипар. Морам да имам средена коса, влечки, тоа е ангажман, но имам многу пријатели, ќерка ми е исто така таму. Бидејќи сега одиме како глутница, настана ситуација додека чекавме такси, јас стоев на улица и жена ми викаше: Дали е ова Цеца?, Реков: Да“.