ВИДЕО+ФОТО | Цеца без момчето на настап во фустан кој потсетува на венчаница: Се омажив еднаш и никогаш повеќе!

Цеца
Фото: Instagram

Светлана Цеца Ражнатовиќ ја отвори сезоната во дискотеката „Топ Хил“ во Будва, која беше полна до последното место, а пред публиката пејачката се појави во бел фустан кој на прв поглед потсетува на елегантна венчаница покриена со кристали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stevan Radivojevic (@stevansrules)

Драго ми е што годинава ја отворив дискотеката „Топ Хил“. Како што слушам од вас, целата туристичка индустрија со нетрпение го очекуваше моето доаѓање во Црна Гора, изјавила Цеца за Телеграф.рс, а притоа и прокоментирала за нејзиниот моден избор:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)


Белиот фустан не е венчаница, како што им се чини на сите. Нема симболика. Се омажив еднаш и не планирам повеќе. Сите ме прашуваат каде е Богдан, но како што ова е моја работа, така и тој имаше деловни обврски, изјавила Цеца.

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ и нејзините пријатели беа во публиката во преполниот клуб во Будва. Таа и нејзиното момче Ѓорѓе Кулиќ уживаа заедно со синот на Брена, Виктор Живоиновиќ и неговата девојка Сандра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)


Уште пред да замине за Црна Гора, новинарите на аеродромот во Белград ја пречекаа Цеца, на која во таа прилика им откри зошто нејзиниот партнер Богдан Срејовиќ не бил присутен на нејзините настапи.

Зошто тој мора да оди на настапи со мене? Секој си ја работи својата работа, притоа не треба да се мешаат приватноста и работни обврски, истакнала пејачката која била видно расположено поради нејзиниот настап во Будва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот