Арсовска: Наместо одговори на прашањата за Универзална сала, од министерката за култура добивме само закани со тужба

Градоначалничката Данела Арсовска денеска на прес конференција истакна дека не добила одговор на прашањата упатени до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска поврзани со пожарот во Универзална сала и целата постапка околу реконструкцијата што ја презема Министерството за култура. Како што нагласи Арсовска единствено што добила биле закани со тужба за поставени прашања и уште …

Арсовска: Наместо одговори на прашањата за Универзална сала, од министерката за култура добивме само закани со тужба Read More »

„Смарт“ светилки ќе штедат струја за улично осветлување во Центар

Општина Центар ја започна првата фаза од проектот „Смарт сити“ со инсталација на паметни светилки низ цела територија на општината. Системот го имплементира А1 Македонија преку целосна реконструкција на постоечкото улично осветлување и паралелна имплементација на светилките и паметните ормари. Станува збор за замена на 3982 улични светилки со нова технологија на ЛЕД светилки за …

„Смарт“ светилки ќе штедат струја за улично осветлување во Центар Read More »

Министерката за култура ѝ порача на Арсовска дека лагите за Универзална сала ќе треба да ги докаже на суд

Категорично ги отфрлам скандалозните тврдења на Арсовска дека сум знаела за пожарот, а не сум пријавила. Веста за пожарот многу брзо се ширеше по социјалните медиуми од каде дознав и јас, по што веднаш се упатив кон Универзална сала, истакна на денешната прес конференција министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која најави дека изнесените обвинувања …

Министерката за култура ѝ порача на Арсовска дека лагите за Универзална сала ќе треба да ги докаже на суд Read More »

Зошто пожарот во Универзална сала е пријавен дури по еден час откако настанал и тоа од случаен минувач, праша Арсовска

По опожарувањето на Универзална сала сите неправилности на кои укажувавме се покажаа точни, но остануваат многу прашања отворени, на кои се очекуваат одговори. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција посочи дека има многу нелогичности во изјавите дадени по пожарот како на пример, изјавата на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска дека за …

Зошто пожарот во Универзална сала е пријавен дури по еден час откако настанал и тоа од случаен минувач, праша Арсовска Read More »

„Футуристичка“ урбана опрема ќе се постави на платото пред Општина Центар

Нов сквер ќе се изведе на платото на аголот од улицата Михаил Цоков и Орце Николов пред Општина Центар. Станува збор за поставување комунална урбана опрема, т.н. „урбан атрактор“ со што треба да се збогати јавниот простор со инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди. Градежните работи за планираната инсталација …

„Футуристичка“ урбана опрема ќе се постави на платото пред Општина Центар Read More »

ЈСП со две автобуски линии за Саемот на книгата, линија 100 од Ново Лисиче и 200 од Дексион

ЈСП „Скопје“ и годинава ќе пушти во сообраќај автобуски линии кои ќе водат до Саемот на книга кој ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски” од 18 до 24 април. Од четврток во линиски превоз ќе бидат вклучени линиите 100 и 200, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче во општина Аеродром, а другата од населбата …

ЈСП со две автобуски линии за Саемот на книгата, линија 100 од Ново Лисиче и 200 од Дексион Read More »

Градоначалниците предизборно „растрчани“ подзаборавија на локалните проблеми

Градоначалниците на скопските општини активно се вклучени во предизборната кампања на партиите, па на нивните официјални профили на социјалните мрежи секојдневно гледаме споделени фотографии од митинзи, од прошетки со кандидатите за пратеници меѓу граѓаните, иако кампањата за парламентарните избори сѐ уште не е ни почната. Во меѓувреме, речиси еден месец малку се работи на локалната …

Градоначалниците предизборно „растрчани“ подзаборавија на локалните проблеми Read More »

Бесплатни билети за децата и учениците од Центар за претстави во Театарот за деца и младинци

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, потпиша Меморандум за соработка со Театарот за деца и младинци со кој им се овозможува на децата и младите, ученици во училиштата и градинките на подрачјето на општината, организирани посети на претстави во овој театар, користење на просториите на театарот за потребите на Општина Центар и консултации и соработка …

Бесплатни билети за децата и учениците од Центар за претстави во Театарот за деца и младинци Read More »

Грејната сезона завршува денеска, ако има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија. – Денес завршува грејната сезона, но до крајот на април влегуваме во преоден период во кој на дневно ниво РКЕ ги известува топланите дали се создадени …

Грејната сезона завршува денеска, ако има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија Read More »

Дрвените куќички „заминаа“ од плоштадот, иако Градот тврдеше дека ќе се користат цела година

Два дена откако од Град Скопје одговорија дека дрвените куќички, кои беа поставени уште пред Нова година и кои со месеци узурпираа половина од плоштадот „Македонија“ без никаква функција, не биле новогодишни туку дека служат за повеќе намени – вчера оттаму  сепак се премислија и ги  тргнаа од плоштадот. Kуќарките на плоштад не се новогодишни, …

Дрвените куќички „заминаа“ од плоштадот, иако Градот тврдеше дека ќе се користат цела година Read More »