Израелски напади над јужниот дел на Сирија

Израелските сили рано утрово ја нападнаа позицијата на сириската армија на југот на Сирија, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. „Израелските напади беа насочени кон радарите на сириската армија меѓу провинциите Суеида и Дера“, рече директорот наОпсерваторијата, Рами Абдел Рахман. Тој додаде дека нападите биле изведени „во време кога израелски авиони …

Израелски напади над јужниот дел на Сирија Read More »

Повторно воспоставен авиосообраќајот во Иран

Летовите во Иран, кои утринава беа суспендирани над неколку градови и провинции, се повторно воспоставени, јавува иранската новинска агенција ИРНА. Специјализираниот портал Flight Radar 24, пак, наведува дека аеродромите во Техеран, Шираз и Исфахан се сè уште затворени, додека воздушниот сообраќај е воспоставен на западот на земјата. Авиокомпаниите од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги суспендираа …

Повторно воспоставен авиосообраќајот во Иран Read More »

Избрана поротата за судењето на Трамп во Њујорк

Адвокатите на судењето на Доналд Трамп во Њујорк избраа 12 членови на поротата да одлучуваат за неговата вина за поткуп, а воведните изјави може да се одржат во понеделник, рече судијата Хуан Мерчан. „Ги избравме судиите. Ќе ги избереме и нивните замени“, рече судијата Мерчан. Кога новите поротници положија заклетва да ја проценат вината на …

Избрана поротата за судењето на Трамп во Њујорк Read More »

ВИДЕО | Се урна бомбардер во Русија

Бобардер Ту-22М3 се урна во руската област Ставропол, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува руската новинска агенција РИА Новости. „На Ставрополската територија, по извршување на борбена мисија при враќање на домашниот аеродром, се урна авион Ту-22М3 на руските воздушни сили. Пилотите се катапултирале“, се вели во соопштението. На социјалните мрежи се појави видео на кое …

ВИДЕО | Се урна бомбардер во Русија Read More »

ЦИА предупредува: Украина може да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година доколку не биде веднаш одобрена помошта за оваа земја, пишува „Политико“. Говорејќи на настан во Претседателскиот центар Џорџ В. Буш, Бернс ги повика пратениците да го усвојат законот со …

ЦИА предупредува: Украина може да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта Read More »

Гугл отпушти 28 вработени кои протестирале против профитабилниот договор со Израел

Гугл отпушти над дваесетина вработени кои протестираа поради договорот со израелската влада оваа недела. Вработените организираа протести во канцелариите на Гугл во Њујорк и Санивејл, Калифорнија. Во Санивејл, тие влегоа во канцеларијата на извршниот директор на Гугл Клауд, Томас Куријан. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше: „Нема повеќе геноцид за профит“ и „Ние стоиме со …

Гугл отпушти 28 вработени кои протестирале против профитабилниот договор со Израел Read More »

Остин и Галант разговарале пред израелскиот напад над Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон. Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија …

Остин и Галант разговарале пред израелскиот напад над Иран Read More »

Вашингтон Пост: Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира на Иран дека Израел има способност да нападне во внатрешноста на земјата“, изјави неименуван израелски функционер за „Вашингтон пост“. Israel missile strike targeted a site in Iran Explosions in Isfahan in central Iran, in the As-Suwayda Governorate of southern Syria, and in the Baghdad area and Babil Governorate …

Вашингтон Пост: Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран Read More »

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии од безбедносни причини

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“. „Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи. Владата на Австралија претходно им порача на …

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии од безбедносни причини Read More »

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран. „По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од поголемиот …

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата Read More »