Државните архиви на Северна Македонија и Италија ќе соработуваат следните четири години

Директорот на Државниот архив, Емил Крстески, и генералната директорка на Генералниот директорат на архивите на Италија, Ана Мариа Буѕи, во Рим потпишаа четиригодишен Договор за соработка меѓу овие две институции. Со Договорот, кој се темели врз Меѓународниот етички кодекс на архивистите, усвоен во Пекинг во 1996 година од страна на Меѓународниот архивски совет, е опфатено …

Државните архиви на Северна Македонија и Италија ќе соработуваат следните четири години Read More »

ВО ЖИВО | Претседателски избори во Македонија

Македонските граѓани денеска гласаат на седмите претседателски избори, а во трка се седум кандидати. Граѓаните имаат можност својот глас да го дадат на еден од кандидатите. Под реден број еден на гласачкото ливче е Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Коалицијата, потоа број два Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ под …

ВО ЖИВО | Претседателски избори во Македонија Read More »

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Информативната емисија „Слободен печат“ од 9 часот е во тек

Новинарите на „Слободен печат“ и во новата сезона на информативната емисија „Слободен печат“ редовно ве информираат за најновите случувања во земјата и во светот. Во емисијата дебатираме и анализираме со нашите соговорници за најгорливите теми во македонското општество, а ви нудиме и интересни гости од сферата на спортот, културата, уметноста и забавата. Следете вести, извештаи, …

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Информативната емисија „Слободен печат“ од 9 часот е во тек Read More »

На претседателската фотелја досега седнаа петмина – сите претседатели на Македонија од Глигоров до Пендаровски

Претседателските избори на 24 април ќе бидат седми од независноста на државата. На претседателската фотелја досега седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и актуелниот Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандати, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, како и Стево Пендаровски, кој повторно се кандидира за шеф на …

На претседателската фотелја досега седнаа петмина – сите претседатели на Македонија од Глигоров до Пендаровски Read More »

Претседателските избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски наљудувачи

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори. Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април се акредитирани 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР – 375. Од домашните најбројни ќе бидат набљудувачите на Здружението Здружението за …

Претседателските избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски наљудувачи Read More »

МВР: Готовите лични документи можат да се подигнат и денес

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до …

МВР: Готовите лични документи можат да се подигнат и денес Read More »

Автобусите денес ќе возат како во недела

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Мостот „Беласица“ успешно го помина „тестот“, за неколку дена ќе биде целосно во сообраќај

Се одбројуваат деновите кога мостот „Беласица“ целосно ќе се пушти во сообраќај, односно после речиси една година по него ќе се вози по сите четири ленти. Така барем велат информациите кои стигнуваат и од Град Скопје и од Институтот за сеизмички отворени градби и климатски промени, откако по втор пат беше извршено тестирање на мостот, …

Мостот „Беласица“ успешно го помина „тестот“, за неколку дена ќе биде целосно во сообраќај Read More »

Училиштето во село Драчево ќе се смести во нов објект, изградбата ќе чини околу 1,6 милиони евра

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска го потпиша договорот со најповолниот понудувач на распишаниот јавен повик за изградба на нов училишен објект за ООУ „Климент Охридски” во село Драчево. Со тоа се исполнети условите за почеток на градба на новото училиште кое ќе има капацитет за 570 ученици, а ќе се протега на …

Училиштето во село Драчево ќе се смести во нов објект, изградбата ќе чини околу 1,6 милиони евра Read More »

На изборниот ден автобусите ќе возат како во недела

Скопскиот јавен превоз утре, на денот на изборите ќе функционира по неделен возен ред, а Жичницата нема да работи, информираа од ЈСП „Скопје“. Граѓаните кои ќе имаат потреба да ја надополнат картичката за превоз, тоа ќе можат да го направат во една од двете дежурни билетарници – кај Транспортен центар и во Ѓорче Петров, кои …

На изборниот ден автобусите ќе возат како во недела Read More »

Се редат „наполитанкитe“ на просторот кај фабриката „Треска“, почна и продажбата на станови

На просторот кај поранешната фабрика „Треска“ сепак никнуваат згради „наполитанки“ на чија изградба со години се спротивставуваа граѓани, граѓански организации и архитекти, наведувајќи дека на овој централен простор бетонизацијата ќе го одземе и воздухот и провевот и дека е неопходно зеленило. За тоа што и како ќе се гради кај „Треска“ се спроведе и јавен …

Се редат „наполитанкитe“ на просторот кај фабриката „Треска“, почна и продажбата на станови Read More »

Koвачев: Македонија не ги почитува правата на Бугарите – ги малтретира и омаловажува

Дебатата во Европскиот парламент за Предлог-регулативата за раст на Западен Балкан бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ја искористи за обвинувања на сметка на Македонија и Србија за наводно непочитување на правата на Бугарите во двете земји. „Во Северна Македонија не можете да добиете работа ако отворено го искажете својот бугарски идентитет. Тоа е реалноста. Ако дознаат …

Koвачев: Македонија не ги почитува правата на Бугарите – ги малтретира и омаловажува Read More »

Пицула: ЕУ треба да се проширува но земјите-кандидати мора да ги почитуваат нашите вредности

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула вели дека земјите аспиранти за ЕУ мора да ги почитуваат вредностите на Унијата. За време на дебатата во Европскиот парламент во Стразбур по Предлог-регулативата за создавање на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан тој порача дека секогаш го поттикнувале проширувањето и верувале дека приемот на земјите од Западниот Балкан …

Пицула: ЕУ треба да се проширува но земјите-кандидати мора да ги почитуваат нашите вредности Read More »

ВИДЕО: Нереални сцени во Атина – градот обвиен во сахарска прашина

Главниот град на Грција обоен во жолто-портокалова боја. Нереални сцени од Атина и јужните делови на земјата предизвикани од сахарската прашина. „Сахарска прашина го претвора небото над Атина целосно портокалово“ – пишува во објавата. WATCH: Saharan dust turning the sky of Athens, Greece completely orange pic.twitter.com/OoCB8h4Vq3 — Quick News Alerts (@QuickNewsAlerts) April 23, 2024 Облаци …

ВИДЕО: Нереални сцени во Атина – градот обвиен во сахарска прашина Read More »

Високи дипломати на ЕУ „ја ставија Србија спроти ѕидот со Косово“

Брисел му постави на Белград дилема: или престанете да го попречувате влезот на Косово во клучните меѓународни организации или аспирациите за ЕУ ќе бидат замрзнати, пишува „euronews“. Патот на Србија кон членство во ЕУ сега зависи од нејзината тивка согласност за согласност на Косово за меѓународните организации, како што се ОН и Советот на Европа. …

Високи дипломати на ЕУ „ја ставија Србија спроти ѕидот со Косово“ Read More »

Српската армија до крајот на месецот ќе предложи начин за отслужување на задолжителниот воен рок

До крајот на овој месец до врховниот командант на српската армија ќе биде доставена оценката и предлогот за враќање на обврската за воен рок, со предлог за модел на задолжителен воен рок и динамични планови за создавање услови за активирање на обврската, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ. Тој …

Српската армија до крајот на месецот ќе предложи начин за отслужување на задолжителниот воен рок Read More »

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат дека мажот ги убил сопругата и трите деца, а потоа се самоубил. Полицијата верува дека Џонатан Кенди (42) се скарал со сопругата, 39-годишната Линдзи Кенди, а потоа пукал повеќе пати. -Потоа, тој ја обиколил куќата, …

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил Read More »

Голем антивладин протест во Буенос Аирес поради мерките за штедење

Стотици илјади Аргентинци вчера излегоа на улиците на Буенос Аирес на антивладин протест против кратењето на буџетот на државните универзитети, што е најголемиот протест досега против мерките за штедење на претседателот Хавиер Милеи. Протестите се последниот пример за растечките тензии поради кратењата на владините трошоци кои помагаат да се сменат длабоките фискални дефицити, но предизвикуваат …

Голем антивладин протест во Буенос Аирес поради мерките за штедење Read More »

Украинците со дронови нападнале енергетски објекти кај рускиот град Смоленск

Според извештаи на руските власти и медиуми , Украина ноќеска употребила беспилотни летала за да нападне енергетски објекти во регионот Смоленск, на 400 километри западно од Москва, јави ДПА. -Нашиот регион повторно беше цел на напад со украински дронови, изјави рано утринава гувернерот на Смоленск, Василиј Анохин, пренесен од руските медиуми. Градоначалникот Анохин појасни дека …

Украинците со дронови нападнале енергетски објекти кај рускиот град Смоленск Read More »

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА. Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата. -Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју …

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД Read More »

Загриженост заради порастот на насилството во Дарфур

Најновите сателитски снимки покажуваат дека суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) и други милитантни групи во последните денови напаѓале и палеле села во завојуваниот Дарфур, што ги зголемува стравувањата од повеќе масовни убиства во регионот, пишуваат светските медиуми. Извештаите, исто така, укажуваат дека постојат знаци дека сегашната војна, која сега влегува во втората година, …

Загриженост заради порастот на насилството во Дарфур Read More »

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?

Според курсната листа на НБРСМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4950 денари, а на американскиот долар 57.6120 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 71.4643 денари.

Синдикалната минимална кошница за април 60.212 денари

Минималната синдикална кошница за април изнесува 60.212 денари и е за 1.214 денари повисока отколку во март годинава кога беше 58.998 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 75.587 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци …

Синдикалната минимална кошница за април 60.212 денари Read More »

Заев: Излезот од Отворен Балкан може да поттикне национализам и нови конфликти на Балканот

Поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, којшто заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, е еден од основачите на Отворен Балкан, за српска „Политика“ изјави дека никој не може да ги оспори резултатите од иницијативата „Отворен Балкан“ и дека заговарањето политика на напуштање на регионалната соработка може да поттикне национализам, па …

Заев: Излезот од Отворен Балкан може да поттикне национализам и нови конфликти на Балканот Read More »

Предупредување за српските возачи – некои европски земји бараат и меѓународна возачка дозвола

Иако Србија има потпишано договори за меѓусебно признавање на возачките дозволи со голем број европски земји, за некои сепак е неопходно да се поседува меѓународна возачка дозвола. Според досегашните информации на сајтот на Министерството за надворешнио работи на Србија, меѓународна лиценца, покрај валидна национална, потребна е и за Шведска, Чешка, Франција, Сан Марино, Италија, Холандија, …

Предупредување за српските возачи – некои европски земји бараат и меѓународна возачка дозвола Read More »

„Гласен текстилец“: Родителите со мали деца утре да добијат ден од одмор!

„Гласен текстилец“ ги информира работниците од приватниот сектор дека подготвиле барање за користење на ден од одмор за оние работници кои на утрешниот ден ќе работат, а се родители на малолетни деца. Оттаму советуваат барањето до работодавецот да се испрати по пошта како препорачано писмо, за да стаса навремено и без задоцнување. „Во врска со …

„Гласен текстилец“: Родителите со мали деца утре да добијат ден од одмор! Read More »

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“

Во Културно информативниот центар – Скопје вечерва со почеток во 20 ч. ќе се отвори првата самостојна изложба на Јана Николовска – „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“. Изложбата има за цел да направи едно патување низ различни димензии на човечката психа и внатрешност, презентирајќи 5 видео инсталации со звук во простор. Влегувајќи од сала во сала, посетителите ќе преминуваат …

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“ Read More »

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара

На 6 и 7 април во Анкара се одржа мандонски фестивал на кој учествуваше и „Мандолинскиот оркестар“ – Скопје, под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри. -Нашиот подмладен оркестар на возраст од 12-17 годишна возраст беа ѕвезди на фестивалот во Анкара на кој учествуваа 30 оркестри. Беа поздравени со огромен аплауз и со овации …

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара Read More »

Отворено 60-тото издание на Венециското биенале

На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“. На свеченоста традиционално беа доделени и наградите „Златен лав“. За најдобар национален павилјон статуетката и е доделена на Австралија. Наградата за најдобро претставување на меѓународната изложба ја доби Матаахо …

Отворено 60-тото издание на Венециското биенале Read More »

„Бизнисот на задоволството“ освои награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот што се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух. Цветановски го радува …

„Бизнисот на задоволството“ освои награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм Read More »

ФОТОГАЛЕРИЈА | „Приказна се чита“

Под слоганот „Приказна се чита“, од вчера почна годинашното издание на Саемот на книга, кое ќе трае до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Организаторите велат дека речиси сите издавачки куќи и писатели од Македонија ќе ги претстават своите дела пред посетителите. Исто така, Саемот е надополнет со повеќе издавачи од регионот – …

ФОТОГАЛЕРИЈА | „Приказна се чита“ Read More »