ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Проф. д-р Авзиу: Медијацијата е поедноставна постапка од судската дури и во решавање спор кога сторители се деца од 14 години

Медијацијата може да се користи како постапка во решавање спорови од кривична природа за сторители деца од 14 години за кои е предвидена казна од 5 години. Искуството во оваа област не е големо и станува збор за околу 20 случаи што се решени со спогодба. -Со медијацијата се решава спор меѓу две и повеќе …

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Проф. д-р Авзиу: Медијацијата е поедноставна постапка од судската дури и во решавање спор кога сторители се деца од 14 години Read More »

Граѓанска петиција за одржување дебата помеѓу претседателските кандидати

На веб-страницата change.org покрената е петиција за одржување дебата помеѓу претседателските кандидати. Петицијата досега ја имаат потпишано 253 граѓани, а целта е да се соберат 500 гласови. -Дебатите претставуваат најдобар начин за кандидатите да ги претстават своите визии пред јавноста и да се соочат со визиите на противкантите на јавна сцена, во живо. Како и …

Граѓанска петиција за одржување дебата помеѓу претседателските кандидати Read More »

Македонија во жолта фаза за опасност од невреме

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метеоаларм како предупредување за опасност од пообилни врнежи на дожд и услови за невреме, а од полноќ цела Македонија влегува во жолта алармантна фаза. Според најавите, дожд може да се очекува уште денеска во попладневните часови. Нѐ чека една прилично врнежлива ноќ а дождот ќе се провлекува и утре во …

Македонија во жолта фаза за опасност од невреме Read More »

Пожарот над шарпланинското село Селце се смирува, но нови пламени јазици ја голтаат шумата во атарот на Ѓермо

Пожарот над шарпланинското село Селце е стигнат до разеленетата вегетација и ливади и истиот се смирува, информираат за „Слободен печат“ од Националниот парк Шар Планина. Но, пламените јазици го зафатија сооседниот рид на Шара, атарот на село Ѓермо. „За жал ситуацијата од Селце во текот на вчерашниот ден е префрлена и во атарот на село …

Пожарот над шарпланинското село Селце се смирува, но нови пламени јазици ја голтаат шумата во атарот на Ѓермо Read More »

За една година се затвориле 15 основни училишта во Македонија

Во рок од една година се затвориле вкупно 14 редовни основни училишта во Македонија. Од 976 основни училишта во 2021/2022 година, во 2022/2023 овој број се намалил на 962, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според податоците од ДЗС, затворено е и едно специјално основно училиште. Бројот на паралелки за една година се намалил …

За една година се затвориле 15 основни училишта во Македонија Read More »

ЦУК: Гори букова шума над Горно Јаболчиште во oпштина Чашка

Пожар избувнал синоќа во 23 часот на отворен простор кај селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, гори букова шума, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму веднаш пратиле известување до ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, од каде што добиле одговор дека ќе упатат вработени кон пожарот за да го гаснат. …

ЦУК: Гори букова шума над Горно Јаболчиште во oпштина Чашка Read More »

ЈСП со две автобуски линии за Саемот на книгата, линија 100 од Ново Лисиче и 200 од Дексион

ЈСП „Скопје“ и годинава ќе пушти во сообраќај автобуски линии кои ќе водат до Саемот на книга кој ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски” од 18 до 24 април. Од четврток во линиски превоз ќе бидат вклучени линиите 100 и 200, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче во општина Аеродром, а другата од населбата …

ЈСП со две автобуски линии за Саемот на книгата, линија 100 од Ново Лисиче и 200 од Дексион Read More »

Градоначалниците предизборно „растрчани“ подзаборавија на локалните проблеми

Градоначалниците на скопските општини активно се вклучени во предизборната кампања на партиите, па на нивните официјални профили на социјалните мрежи секојдневно гледаме споделени фотографии од митинзи, од прошетки со кандидатите за пратеници меѓу граѓаните, иако кампањата за парламентарните избори сѐ уште не е ни почната. Во меѓувреме, речиси еден месец малку се работи на локалната …

Градоначалниците предизборно „растрчани“ подзаборавија на локалните проблеми Read More »

Бесплатни билети за децата и учениците од Центар за претстави во Театарот за деца и младинци

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, потпиша Меморандум за соработка со Театарот за деца и младинци со кој им се овозможува на децата и младите, ученици во училиштата и градинките на подрачјето на општината, организирани посети на претстави во овој театар, користење на просториите на театарот за потребите на Општина Центар и консултации и соработка …

Бесплатни билети за децата и учениците од Центар за претстави во Театарот за деца и младинци Read More »

Грејната сезона завршува денеска, ако има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија. – Денес завршува грејната сезона, но до крајот на април влегуваме во преоден период во кој на дневно ниво РКЕ ги известува топланите дали се создадени …

Грејната сезона завршува денеска, ако има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија Read More »

Дрвените куќички „заминаа“ од плоштадот, иако Градот тврдеше дека ќе се користат цела година

Два дена откако од Град Скопје одговорија дека дрвените куќички, кои беа поставени уште пред Нова година и кои со месеци узурпираа половина од плоштадот „Македонија“ без никаква функција, не биле новогодишни туку дека служат за повеќе намени – вчера оттаму  сепак се премислија и ги  тргнаа од плоштадот. Kуќарките на плоштад не се новогодишни, …

Дрвените куќички „заминаа“ од плоштадот, иако Градот тврдеше дека ќе се користат цела година Read More »

Во Хрватска предизборен молк пред парламентарните избори

Предизборен молк стапи на сила во Хрватска на полноќ во пресрет на парламентарните избори в среда, на 17 април, а ќе трае до затворање на гласачките места во 19 часот Во Хрватска ќе бидат отворени повеќе од 6.500 избирачки места за 11-те парламентарни избори, а првиот ден од гласањето е денеска 16 април во дипломатско-конзуларните …

Во Хрватска предизборен молк пред парламентарните избори Read More »

Двајцата осомничени за убиството на Данка се испратени на психијатриско вештачење

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело се трага веќе 12 дена, наскоро треба да бидат испратени на психијатриско вештачење, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Зајечар, пишуваат медиумите во регионот. Притворот на осомничените Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, …

Двајцата осомничени за убиството на Данка се испратени на психијатриско вештачење Read More »

Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата геноцидот во Сребереница

Изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи дадена денеска, дека земјава ќе биде еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцидот во Сребреница, српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ ја оцени како дрскa и упати прашање до Османи дали сака да поднесе резолуција за геноцидот на Србите во Јасеновац, заедно со Србија. „Тоа е цинизмот …

Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата геноцидот во Сребереница Read More »

Вучиќ ќе се сретне со Си Џинпинг на 8 мај

 Кинескиот претседател Си Џинпинг доаѓа во Белград на 8 мај, објави Демостат повикувајќи се на извори од дипломатски кругови, јави дописникот на МИА од Белград. За време на престојот во Србија, претседателот на Кина ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ и други државни претставници, соопшти Демостат. Вучиќ во февруари, на церемонијата на …

Вучиќ ќе се сретне со Си Џинпинг на 8 мај Read More »

Совет за безбедност на Косово: Србија поседува илјадници дронови како оние со кои се нападна Израел

На барање на косовскиот премиер Албин Курти, Советот за безбедност на Косово во неделата вечерта одржа седница по повод нападот на Иран врз државата Израел и можните импликации врз глобалниот и регионалниот мир и безбедност, јави дописникот на МИА од Приштина. Според денешното соопштение на Владата на Косово, на седницата било истакнато дека Србија, „која …

Совет за безбедност на Косово: Србија поседува илјадници дронови како оние со кои се нападна Израел Read More »

Трамп може да се кандидира и од затвор

Доналд Трамп, кој повторно е кандидат на американските републиканци за претседател, во последно време е чест посетител на судниците. Во јануари, поротата во Њујорк пресуди дека тој мора да и плати на една писателка милиони долари отштета за сексуално вознемирување и клевета, што Трамп го обжали. Тоа беше граѓанска постапка. Сега Трамп е првиот поранешен …

Трамп може да се кандидира и од затвор Read More »

Во Мексико Сити измерени рекордни 34,2 степни Целзиусови

Во главниот град на Мексико вчера е регистрирана рекордно висока температура од 34,2 степени Целзиусови (93,6 Фаренхајти), изјави директорот на Националната комисија за води, Герман Мартинез Сантојо. Тој додаде дека претходниот рекорд од 33,9 степени Целзиусови во Мексико беа измерени на 9 мај 1998 година.

Шпанскиот премиер доби поддршка од Ирска и Норвешка за признавање на Палестина, но не и од Португалија

Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез, кој собира поддршка ширум Европа за признавањето на палестинската независност, ги убеди Ирска и Норвешка, но не и Португалија откако конзервативците дојдоа на власт таму, објави шпанската јавна телевизија ТВЕ. „Она што се случи викендов потврдува дека она што го заговараме со месеци е неопходно“, рече Санчез вчера на прес-конференцијата …

Шпанскиот премиер доби поддршка од Ирска и Норвешка за признавање на Палестина, но не и од Португалија Read More »

ВИДЕО | Андоновиќ: Дали Израел сепак ќе му се одмaзди на Иран?

Во воениот кабинет на Бенјамин Нетанјаху, наводно, започнала жестока дебата за тоа како да се одговори на нападот на Техеран. Се чини дека има несогласување меѓу членовите околу брзината и обемот на одговорот, при што сите се решени да возвратат, но не се согласуваат за деталите. Меѓу опциите што се разгледуваат е напад врз ирански …

ВИДЕО | Андоновиќ: Дали Израел сепак ќе му се одмaзди на Иран? Read More »

Сопартиецот на Фон дер Лајен поднесе оставка од ЕК неколку часа откако беше назначен на функција

Урсула Фон дер Лајен го назначи германскиот европратеник Маркус Пипер за претставник на малите и средни претпријатија, но тој се откажа од функцијата само неколку часа откако беше назначен. Шефицата на Европската комисија беше под притисок за фаворизирање на Пипер бидејќи тој доаѓа од истата германска политичка партија како неа. „Претседателката ја почитува, но жали …

Сопартиецот на Фон дер Лајен поднесе оставка од ЕК неколку часа откако беше назначен на функција Read More »

Отворена истрага против Рајанер во Италија, ги блокирал другите превозници

Италијанскиот регулатор за конкуренција отвори истрага против Рајанер за можна злоупотреба на доминантната позиција што предизвика „сериозна и непоправлива“ штета на туристичките агенции, другите превозници и патниците, објави во понеделникот весникот ИлМесаџеро, пишува Хина. Во неколку наврати, Рајанер блокираше физички и онлајн тур-оператори да пристапат до понуди и попусти на неговата веб-страница, откри регулаторот. Официјалната …

Отворена истрага против Рајанер во Италија, ги блокирал другите превозници Read More »

Европскиот инвестициски фонд склучи договори со банките од Западен Балкан

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ), дел од групата ЕИБ, склучи договори за портфолио гаранции со 11 банки и финансиски посредници во економиите на Западен Балкан, а гаранцијата на ЕУ ќе овозможи мобилизација на околу 750 милиони евра за малите бизниси во Западниот Брег и 250 милиони евра за Србија. Овие договори финансирани во рамките на иницијативата …

Европскиот инвестициски фонд склучи договори со банките од Западен Балкан Read More »

Бугарската економија губи над 1 милијарда лева годишно без копнениот Шенген

Над милијарда лева годишно се загубите за бугарската економија од неприемот на земјата во копнениот Шенген. Загубите се од неплатени директни и индиректни даноци, од дополнителни трошоци и изгубени придобивки поради огромните редици на внатреевропските гранични точки, соопшти Унијата на меѓународни превозници, која презентираше студија за престој на камиони на трите главни гранични точки – …

Бугарската економија губи над 1 милијарда лева годишно без копнениот Шенген Read More »

Големите авиокомпании ги прекинуваат летовите поради тензиите на Блискиот Исток

Големите авиокомпании се соочуваат со прекини во распоредот на летови откако иранскиот ракетен и беспилотен напад врз Израел дополнително ја намали способноста за навигација на воздушниот сообраќај меѓу Европа и Азија, објави Ројтерс. Иако Израел, Јордан, Ирак и Либан вчера повторно го отворија својот воздушен простор, некои рути остануваат засегнати, пишува Ројтерс. Германската Луфтханза ги …

Големите авиокомпании ги прекинуваат летовите поради тензиите на Блискиот Исток Read More »

Хрватска има најголем пад на индустриското производство во целата Европска унија

Индустриското производство во февруари во Европската унија е зголемено за 0,7 отсто во однос на годинешниот јануари, откриваат новите податоци на Евростат. Најголем месечен раст е забележан во Ирска (3,8 отсто), Унгарија (3,5 отсто) и Словенија (3,3 отсто), објави Даница.хр. Најголем пад на индустриското производство во февруари забележа Хрватска, дури 4,6 отсто во однос на …

Хрватска има најголем пад на индустриското производство во целата Европска унија Read More »

Костадиновска – Стојчевска вели фека младите имаат право на спокојна и достинствена иднина

„На државата и е неопходен вашиот поглед кон иднината, вашата енергија, вашата младешка непомирливост со статичноста, со неправдата. Не дозволувајте да ве убедуваат дека не сте добредојдени во Европа, дека сте помалку Европејци од Европејците. Вие имате еднакво право на Европа, пред сè , на европска Македонија“- им порача на младите социјалдемократи, потпретседателката на СДСМ …

Костадиновска – Стојчевска вели фека младите имаат право на спокојна и достинствена иднина Read More »

„Сите за МКЦ“ на трет неделен собир за поддршка на културните храмови

Иницијативата „Сите за МКЦ“ го организира третиот неделен собир овој месец. Собирот има за цел да посочи на непрекината грижа за културните храмови. Собирот ќе се одржи денеска во паркот зад МКЦ, односно на тревникот каде се наоѓа споменикот „Бомба“. Предвидено е да се одржат две дискусии, поетско читање и концерт. Првата дискусија ќе биде …

„Сите за МКЦ“ на трет неделен собир за поддршка на културните храмови Read More »

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Лешоски: Несериозно е да не излегува човек да гласа

– Според мене е несериозно да не излегува човек да гласа, но некогаш неминовно доаѓа до такви периоди и квазиапатични ситуации во демократија. Мислам дека соседите наши ги имаат поминато тие болести. Не знам кај нас дали се поминати, но мислам дека не – рече писателот Дарко Лешоски во утринската емисија „Слободен печат“ во соработка …

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Лешоски: Несериозно е да не излегува човек да гласа Read More »

Фестивалот „Крај Вардарот џез 2024“ се реализира во чест на Мирко Попов

Од 20 до 27 април ќе се одржи петтото издание на „Крај Вардарот Џез“. Фестивал кој произлезе од големата љубов, визионерство и посветена работа на Мирко Попов и Владан Дробицки за интегрирање автори и изведувачи од македонската музичка сцена во сферата на џез, светска и современа музика. Годинашното фестивалско издание нуди исклучителна програма на македонска …

Фестивалот „Крај Вардарот џез 2024“ се реализира во чест на Мирко Попов Read More »

Драмското студио Тетово со претставата ВАЈ-ФАЈ пред гостиварската публика

На 12 април со почеток во 19.30 часот во големата сала во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар за гостиварчани премиерно ќе биде изведена хит претставата ВАЈ-ФАЈ од писателот Мирољуб Недовиќ-Рики а во режија на Мирко Видоески. Се работи за комедија коај ја третира и најактуелната тема во Македонија- иселувањето. „Публиката во Гостивар ќе има …

Драмското студио Тетово со претставата ВАЈ-ФАЈ пред гостиварската публика Read More »