Косовски Србин осуден на 13 години затвор за воени злосторства во 1999 година

Основниот суд на Приштина денеска го осуди косовскиот Србин, Душко Арсиќ на 13 години затвор за воени злосторства, кои, според обвинението, ги извршил во селото Бутовац за време на војната во Косово во февруари 1999 година. Читајќи ја пресудата, Судскиот совет наведе дека од јануари до јуни 1999 година, Арсиќ, кој живеел во селото Матичан …

Косовски Србин осуден на 13 години затвор за воени злосторства во 1999 година Read More »

Анализа: Грижата за здравјето на жените една од најважните здравствени политики

Бројни истражувања говорат дека во многу европски системи, грижата за здравјето на жените е една од најважните здравствени политики, затоа што со подобро здравје на жените и девојките се гарантира развојот на земјата. Во Македонија, креирањето на вакви политики со цел подобра и современа здравствена услуга за жените со децении беше во заден план. Кај …

Анализа: Грижата за здравјето на жените една од најважните здравствени политики Read More »

ДИК со очекувања изборите да поминат во фер и демократски дух

Изборите да поминат во духот на демократијата, да бидат фер и кредибилни, очекува претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. ДИК треба да излезе со првични неофицијални резултати до полноќ. Во интервју за Македонската радио телевизија, Даштевски рече дека од утре почнува доставата на доверливиот и недоверливиот материјал до општинските избирачки комисии (ОИК) и дека …

ДИК со очекувања изборите да поминат во фер и демократски дух Read More »

Мицкоски ќе ја враќа Македонија на граѓаните, Ковачевски ќе ја праќа во ЕУ

Државата е украдена од народот, институциите се заробени и ништо не функционира – Македонија мора да се врати на граѓаните, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Неговиот соперник во првата изборна единица, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вели дека Македонија не смее да се откаже од иднината и мора да чекори напред кон Европската Унија. …

Мицкоски ќе ја враќа Македонија на граѓаните, Ковачевски ќе ја праќа во ЕУ Read More »

Илиевски: Картичка за пензионерите со најниски пензии за 30 % поевтини леб, бели печива и млеко

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата, Методија Илиевски денеска беше во посета на Здружението на пензионери во Битола. Тој на средбата со пензионерите им ја презентираше програмата во делот кој се однесува  нив. „30.000 денари просечна пензија, 20.000 денари минимална пензија, новогодишен пакет од 100 евра секоја Нова година, 1.500 денари од октомври до …

Илиевски: Картичка за пензионерите со најниски пензии за 30 % поевтини леб, бели печива и млеко Read More »

Предизборни ветувања: Укинување на Балансерот и Собрание од 90 пратеници

Доколку ВМРО-ДПМНЕ формира Влада по 8 мај тие ветуваат дека ќе го укинат Балансерот и ќе има Собрание со 90 пратеници. Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ2 коментирајќи ја кампањата вели дека имало преубава енергија и атмосфера. Тој вели дека граѓаните ималле можност да слушнат за нивните проекти. „Во програмата има 1198 …

Предизборни ветувања: Укинување на Балансерот и Собрание од 90 пратеници Read More »

Скопје викендов со изменет режим на сообраќај поради одржување на предизборни митинзи

Поради одржување митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година на 21 април (недела) во 13.00 часот пред седиштето на Европската унија на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на оваа улица почнувајќи од 19:00 часот на …

Скопје викендов со изменет режим на сообраќај поради одржување на предизборни митинзи Read More »

ФОТО | „Биди ИН – Биди ГРИН“ – Средно ветеринарно училиште се рекламира на автобус на ЈСП

Средното ветеринарно училиште Браќа Миладиновци со реклама на автобус на ЈСП ги повикува полуматурантите да се запишат во нивното училиште. „Многу работи го красат Скопје. Од пред некој ден нашиот автобус е уште еден прекрасен украс на нашето Скопје. Можете да го видите и во Аеродром и во Ново Лисиче; и во Железара и во …

ФОТО | „Биди ИН – Биди ГРИН“ – Средно ветеринарно училиште се рекламира на автобус на ЈСП Read More »

Камери ќе ги „чуваат“ детските игралишта и урбаната опрема во Центар, снимките ќе се користат и за казнување

Општина Центар со видеонадзор ќе ги штити детските игралишта и урбаната опрема од уништување. Одлуката за начинот на вршење видеонадзор на јавните површини на територијата на оваа општина веќе е донесена од советниците во Центар. Врз основа на оваа одлука ќе се донесат и правилници во кои точно ќе се прецизира кој ќе биде овластено …

Камери ќе ги „чуваат“ детските игралишта и урбаната опрема во Центар, снимките ќе се користат и за казнување Read More »

Се санираат оштетените клупи на плоштадот „Делфина“ во Влае

Екипи на Општина Карпош ја санираат оштетената урбана опрема на плоштадот „Делфина“ во населбата Влае, која, како што тврдат од Општината, тенденциозно се уништува во изминатиов период. Во последниве два месеци локалната самоуправа интервенирала на оваа локација дури четири пати, со цел да ги врати демолираните реквизити во првобитна состојба. Бидејќи девијантното однесување на несовесните …

Се санираат оштетените клупи на плоштадот „Делфина“ во Влае Read More »

Молк од Град Скопје и од ЕСМ: Ништо не се работи ни на мостот „Беласица“, ни под него, а никој не кажува зошто

Што се случува со мостот „Беласица“, зошто сѐ уште не се пушта целосно во сообраќај и зошто и по осум месеци откако од него се извадија опожарените топловодни цевки не се монтираат новите, се прашања за кои скопјани би сакале да добијат објаснување, особено оние што патот секојдневно ги води токму преку овој мост. Од …

Молк од Град Скопје и од ЕСМ: Ништо не се работи ни на мостот „Беласица“, ни под него, а никој не кажува зошто Read More »

Коалицијата „Србија против насилство“ поделена во ставот за учеството на локалните избори во Белград

Пет партии од коалицијата „Србија против насилство“ вечерва гласаа за излегување на локалните избори во Белград, што претседателката на српското Собрание, Ана Бранабиќ, вчера ги најави за 2 јуни, додека четири партии беа против. Коалицијата најави дека конечната одлука ќе биде донесена утре. Медиумите од регионот јавуваат дека за учество на изборите во Белград се …

Коалицијата „Србија против насилство“ поделена во ставот за учеството на локалните избори во Белград Read More »

Бошњаците во Скопје поднесоа кривична пријава против лидерот на српската партија за „негирање и исмевање на геноцидот во Сребреница“

Политичката партија  Демоктратска Бошњачка Партија  Бошњачкиот национален совет во Северна Македонија поднеле кривична пријава против претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеникот Иван Стоилковиќ за „негирање и исмејување на геноцидот во Сребреница“, пишуваат медиумите во регионот. Како што е наведено во заедничкото соопштение на партиите, кривичната пријава е поднесена затоа што Стоилковиќ …

Бошњаците во Скопје поднесоа кривична пријава против лидерот на српската партија за „негирање и исмевање на геноцидот во Сребреница“ Read More »

Одлуката на Уставниот суд му го блокира патот на хрватскиот претседател Милановиќ да формира влада

Согласно одлуката на Уставниот суд хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не може да стане премиер, дури и да обезбеди доволна поддршка од помалите партии, а доколку и стане премиер тоа потенцијално би отворило простор за посилно проруско влијание во земјата, наведуваат странските медиуми. Американски Асошиетед прес наведува дека: „Уставниот суд утврдува дека со своите изјави и …

Одлуката на Уставниот суд му го блокира патот на хрватскиот претседател Милановиќ да формира влада Read More »

Милановиќ: Мора да се почитува волјата на мнозинството, ова е подготовка за државен удар

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по одлуката на Уставниот суд со која му се забранува да биде мандатар или евентуално нов премиер на Хрватска, денеска изјави дека мора да се почитува волјата на мнозинството од гласачкото тело во Хрватска и посочи дека одлуката на судот е „подготовка за државен удар“. -Би сакал да ги смирам граѓаните …

Милановиќ: Мора да се почитува волјата на мнозинството, ова е подготовка за државен удар Read More »

Пеци: Зачленувањето на Косово во СЕ ќе се одложи ако не започне процесот за формирање на ЗСО

Директорот на Косовскиот институт за истражување и развој на политики – КИПРЕД, Љуљзим Пеци, изјави дека има информации оти зачленувањето на Косово во Советот на Европа може да се одложи за една година доколку европскиот нацрт за Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово не биде испратена до Уставниот суд, со што ќе започне …

Пеци: Зачленувањето на Косово во СЕ ќе се одложи ако не започне процесот за формирање на ЗСО Read More »

НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток

Загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран изрази генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. „Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече Столтенберг. Израел го нападна иранскиот Исфахан. Според …

НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток Read More »

Во Украина е убиен Американецот Расел Бентли кој се бореше од страната на Русите

Американскиот државјанин Расел Бентли, познат по тоа што се борел на страната на проруските сепаратисти во источна Украина меѓу 2014 и 2017 година, загинал во Доњецк, јавија денеска руските медиуми. „Расел Бентли познат како „Тексас“, вистински Американец, навистина од Тексас, почина во Доњецк“, објави преку Телеграма Маргарита Симонијан, шеф на руската телевизија РТ. Баталјонот „Восток“, …

Во Украина е убиен Американецот Расел Бентли кој се бореше од страната на Русите Read More »

Дали филтрираната вода е поздрава од водата од чешма?

Филтрите за вода може да ги отстранат загадувачите на водата од чешма – но дали се навистина неопходни и дали можат да предизвикаат ненамерна штета? Шима Чин-Си избегнува да пие вода директно од чешмата. Нејзиниот фрижидер дома во Нортвич, Велика Британија, каде што живее со своето семејство, доаѓа со внатрешен дозер за вода што е …

Дали филтрираната вода е поздрава од водата од чешма? Read More »

Голема грижа за Европа! Руските ловци МиГ-31 со новa надградба можат да гаѓаат клучни бази на НАТО

МиГ-31И на руските воздухопловни сили, надградена варијанта на МиГ-31 Фоксхаунд, доби клучна надградба што ќе му овозможи на авионот да надополни гориво во воздух. Според информациите доставени од анонимен извор за новинската агенција ТАСС, борбениот авион МиГ-31И е модифициран и опремен со механизам за полнење гориво за да го прошири својот борбен радиус. Микојан МиГ-31, …

Голема грижа за Европа! Руските ловци МиГ-31 со новa надградба можат да гаѓаат клучни бази на НАТО Read More »

Шефот на иранската дипломатија: Израелските дронови не предизвикаа штета или жртви

Поддржувачите на ционистичките медиуми во очајнички напор се обидоа да направат победа од нивниот пораз, додека соборените мини-дронови не предизвикаа никаква штета или жртви, рече шефот на иранската дипломатија Хосеин Ам­­­ирабдолахиан. Тој изјави дека беспилотните летала за кои извори велат дека Израел денеска ги лансирал кон градот Исфахан, не предизвикале штета или жртви, ги пренесуваат …

Шефот на иранската дипломатија: Израелските дронови не предизвикаа штета или жртви Read More »

За три и пол месеци реализацијата на капитални проекти е само 16,6 проценти

За три и пол месеци се потрошени 122,3 милиони евра за капитални проекти – патишта, водоводи, канализации, училишта, но и за сè она што оди во оваа ставка, а за кое многу експерти сметаат дека не му е место. Овој износ е 16,6 проценти во однос на вкупниот буџет за капитални проекти за 2024 година, …

За три и пол месеци реализацијата на капитални проекти е само 16,6 проценти Read More »

Употребата на пластични кеси во српската трговија е намалена за 80 отсто

Употребата на пластични кеси во трговијата во Србија е намалена за повеќе од 80 отсто за помалку од една година, изјави министерот за надворешна и внатрешна трговија Томислав Момировиќ. „Сите сме свесни колку е важно да се грижиме за животната средина, да го намалиме отпадот и да промовираме одржлив бизнис. Во изминатиот период работевме заедно …

Употребата на пластични кеси во српската трговија е намалена за 80 отсто Read More »

Белград ќе купува нови трамваи, нивната цена ќе биде најскапа во Европа

Цената на трамваите во Белград има потенцијал да биде меѓу највисоките во Европа доколку јавната набавка се склучи според максималните проектирани цени. Тие се за 50 отсто повеќе од јавните набавки од 2023 година. Според објавената јавна набавка, изразена е подготвеност да се платат 5,5 милиони евра за трамвај, без ДДВ. За тоа време во …

Белград ќе купува нови трамваи, нивната цена ќе биде најскапа во Европа Read More »

Брзата пруга од Белград до Суботица готова до крајот на годината

До крајот на годината ќе биде завршена брзата пруга од Нови Сад до Суботица – таа е дел од проектот за брза железница од Белград до Будимпешта. Ќе биде долга 108 километри, а вкупната договорена вредност на работите е 1,16 милијарди долари. Таа делница ја градат кинески компании, а од понеделник под висок напон е …

Брзата пруга од Белград до Суботица готова до крајот на годината Read More »

Нема да се градат нови хотели, Амстердам воведува забрана

Амстердам во иднина нема да дозволи изградба на нови хотели во обид да се справи со прекумерниот туризам, соопшти градската влада. „Сакаме да го одржиме градот погоден за живеење и за локалното население и за посетителите. Тоа значи – нема повеќе прекумерен туризам, нема повеќе нови хотели и нема повеќе од 20 милиони хотелски ноќевања …

Нема да се градат нови хотели, Амстердам воведува забрана Read More »

ФОТОГАЛЕРИЈА | „Приказна се чита“

Под слоганот „Приказна се чита“, од вчера почна годинашното издание на Саемот на книга, кое ќе трае до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Организаторите велат дека речиси сите издавачки куќи и писатели од Македонија ќе ги претстават своите дела пред посетителите. Исто така, Саемот е надополнет со повеќе издавачи од регионот – …

ФОТОГАЛЕРИЈА | „Приказна се чита“ Read More »

Педесет дена до почетокот на Офф-фест: Силна, инспиративна и возбудлива програма

Дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на С. Македонија, со осум концертни настапи и два документарни филма. Програмата е свежа, географски разнобојна и возбудлива, можеби најсилна во скорешната историја на фестивалот. ОФФ-Фест 2024 ќе го отворат …

Педесет дена до почетокот на Офф-фест: Силна, инспиративна и возбудлива програма Read More »

Почнува „Крај Вардарот џез“: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Денеска во едукативниот културен центар „Лабораториум“ се одржа конференција за печат во пресрет на петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“, кој ќе се одржи од 20 до 27 април. Програмата се состои од 3 вечери и 5 концертни настапи, кои ќе се реализираат во Македонската филхармонија и во едукативниот културен центар Лабораториум. Годинашното издание …

Почнува „Крај Вардарот џез“: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови Read More »

„Мечето што не го фаќаше зимски сон“ на Александра Велинова пристигна на Саемот на книга

„…Родителите на мечето беа во длабок сон. Со затворени очи се смешкаа, нешто убаво сонуваа. Но, малото мече сон не го „фаќаше“ наслушнувајќи го детскиот џагор што доаѓаше однадвор“, пишува во најновата сликовница за деца „Мечето што не го фаќаше зимски сон“ на авторката Александра Велинова. Во неа љубопитниот Алексеј и мечето ги носат најмладите …

„Мечето што не го фаќаше зимски сон“ на Александра Велинова пристигна на Саемот на книга Read More »

Вработените во културните институции од утре на протест поради неисплаќање на мартовската плата

Вработените во културните институции од утре почнуваат со протести кои нема да запрат се до исплаќањето на платата за месец март усогласена со колективните договори. Како што најави на денешната прес-конференција претседателката на Синдикатот на културните работници Вера Атанасовска, тужбите за задоцнета исплата на плата во моментот се процесуираат. Протестите ќе се одржуваат пред Министерството …

Вработените во културните институции од утре на протест поради неисплаќање на мартовската плата Read More »