Украина: Жителите на Луганск повикани на итна евакуација

Украинската новинска агенција УНИАН објави дека граѓаните од областа Луганск биле повикани на итна евакуација, пренесува Си-Ен-Ен. – Следната недела ќе биде тешка. Ова е можеби последна шанса да ве спасиме, рече Сергеј Гаидаи, локалниот гувернер. Украина очекува жесток руски напад врз Луганск и Донбас, особено откако руските сили го напуштија северот на земјата.

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер …

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд Read More »

Денеска се празнува Свети Василиј Паријски

Овој добродетелен маж во времето на иконоборството беше епископ во градот Парија, во мала Азија. Одби да го потпише царското писмо против иконопочитувањето. За ова беше многу прогонуван и мачен. Но, тој остана тврд во Православието. Се упокои и се пресели кај Господ во првата половина на 8 век.

ВО ЖИВО | Претседателски избори во Македонија

Македонските граѓани денеска гласаат на седмите претседателски избори, а во трка се седум кандидати. Граѓаните имаат можност својот глас да го дадат на еден од кандидатите. Под реден број еден на гласачкото ливче е Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Коалицијата, потоа број два Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ под …

ВО ЖИВО | Претседателски избори во Македонија Read More »

Ванковска: Мојата цел не беше да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Кандидатот за претседател на партијата Левица, Билјана Ванковска упати честитка за победниците, по завршувањето на првиот круг од претседателските избори. „Јас сум среќна за можноста што ми ја даде Левица да зборувам слободно, чесно, отворено и радикално – да понудам нешто што мнозина не беа спремни да го прифатат како опција. Народот очигледно не е …

Ванковска: Мојата цел не беше да победам, туку да вознемирам една застојана елита Read More »

ДИК: Од преброени 89,98 проценти од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата влегуваат во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 8 мај, истовремено со единаесеттите парламентарни избори во земјата. Според првичните и неофицијални резултати што на прес-конференција вечерва ги објави Државната изборна комисија (ДИК) од преброени гласови од 3.156 …

ДИК: Од преброени 89,98 проценти од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393 Read More »

„Градски паркинг“ од 10.163 паркинг-места лани инкасирал повеќе од 3,5 милиони евра

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ и годинава продолжува да се „шири“ низ Скопје, односно да го регулира паркирањето на сѐ повеќе јавни површини низ општините. Според Инвестиционата програма за 2024 година, која иако е крај на април, сѐ уште не е усвоена од градските советници, а која претпријатието на терен веќе ја реализира, паркирањето ќе се …

„Градски паркинг“ од 10.163 паркинг-места лани инкасирал повеќе од 3,5 милиони евра Read More »

Кантата за ѓубре за украс ли служи?

Колку малку се грижиме за околината во која живееме или за јавните површини каде што секојдневно се движиме, покажува и денешната фотографија од центарот на Скопје. Во близина на автобуската станица кај Порта Буњаковец покрај булеварот Партизански Одреди по тротоарот исфрлените празни лименки, хартии, пакувања од брза храна сведочеа дека претходната ноќ, токму тука имало …

Кантата за ѓубре за украс ли служи? Read More »

Бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“ и на паркинзите на ПОЦ

На зонските и дел од јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ и на сите паркиралишта во надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска паркирањето ќе биде бесплатно. Следејќи ја одлуката на Владата на РСМ за прогласување на 24 април, 2024 год. за неработен ден поради непречено одржување на политичките избори за избор …

Бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“ и на паркинзите на ПОЦ Read More »

Автобусите денес ќе возат како во недела

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Мостот „Беласица“ успешно го помина „тестот“, за неколку дена ќе биде целосно во сообраќај

Се одбројуваат деновите кога мостот „Беласица“ целосно ќе се пушти во сообраќај, односно после речиси една година по него ќе се вози по сите четири ленти. Така барем велат информациите кои стигнуваат и од Град Скопје и од Институтот за сеизмички отворени градби и климатски промени, откако по втор пат беше извршено тестирање на мостот, …

Мостот „Беласица“ успешно го помина „тестот“, за неколку дена ќе биде целосно во сообраќај Read More »

Германскиот пратеник за Западен Балкан: Политиката на Додик е контрапродуктивна за целиот регион

Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин, изјави дека политиката што ја води претседателот на Република Српска, Милорад Додик е контрапродуктивна не само за Босна и Херцеговина, туку и за целиот регион. Во интервју за телевизијата БН во Бијелина, тој оцени дека политичката криза во БиХ нема да се реши со попуштање, …

Германскиот пратеник за Западен Балкан: Политиката на Додик е контрапродуктивна за целиот регион Read More »

Словенија го повика српскиот амбасадор во Љубљана за изјавите на Вучиќ, во меѓувреме тој се извини

Министерство за надворешни работи  на Словенија го повика на разговор в.д. амбасадорот на Србија во Љубљана поради изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ против Словенија по седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово. Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјавите на Вучиќ ги оцени како навредливи и неприфатливи. „Бараме објаснување, извинување, тоа не …

Словенија го повика српскиот амбасадор во Љубљана за изјавите на Вучиќ, во меѓувреме тој се извини Read More »

ЦИК: На изборите во Бугарија на 9 јуни ќе учествуваат 23 партии и 11 коалиции

Централна изборна комисија на Бугарија соопшти дека 23 партии и 11 коалиции поднеле документи за учество на претстојните двојни избори на 9 јуни за пратеници во бугарското собрание и за пратеници во Европскиот парламент. Рокот за ова е денеска до 17 часот. Сите кои навреме ги поднеле документите, ЦИК ќе ги регистрира под условите на …

ЦИК: На изборите во Бугарија на 9 јуни ќе учествуваат 23 партии и 11 коалиции Read More »

Словенечката опозиција побара истрага за случаите на кражба на бебиња

Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавни службеници во случаите на кражба на бебиња во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај. – Во таканаречената трговија со бебиња, која се случила главно во 70-тите …

Словенечката опозиција побара истрага за случаите на кражба на бебиња Read More »

Основното училиште Владислав Рибникар со емотивна посвета по повод годишнината од масакрот

Основното училиште „Владислав Рибникар“ Во Белград на својата веб-страница објави посвета учениците и обезбедувачот, кои беа убиени на 3 мај минатата година во масакрот што го направи малолетен напаѓач. Во емотивната посветата за трагично загинатите деца од персоналот на училиштето, стои: Кога првпат дојдоа во Рибникар, како прваиња беа љубопитни и горди да почнат со …

Основното училиште Владислав Рибникар со емотивна посвета по повод годишнината од масакрот Read More »

Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата

Украинската влада донесе одлука со која дополнително ја заострува мобилизацијата, па во иднина пасоши на воено способни мажи ќе може да се издаваат само во земјата, пренесува Хина. Новата регулатива е објавена откако шефот на дипломатијата, Дмитро Кулеба, до 18 мај ги суспендираше конзуларните услуги за лицата кои ги исполнуваат условите и притоа ги критикуваше …

Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата Read More »

Словачкиот премиер Фицо ја затвора државната телевизија и ја претвора во нова

Словачката влада на популистичкиот премиер Роберт Фицо вчера одобри нацрт-закон со кој ќе се распушти јавниот радиодифузен сервис РТВС и ќе се претвори во нова медиумска институција, што предизвика загриженост кај опозициските политичари и новинарите. Законот е последниот чекор во, како што велат критичарите, обидот на владата на премиерот Роберто Фико да ја зајакне контролата …

Словачкиот премиер Фицо ја затвора државната телевизија и ја претвора во нова Read More »

Аризона обвини 18 републиканци за обид да го променат резултатот од изборите во државата во 2020 година

Во американската сојузна држава Аризона, обвинети се 18 лица во врска со обидот за промена на резултатите од претседателските избори во 2020 година во корист на Доналд Трамп, објави државниот обвинител, цитиран од франуските и американските медиуми. Според американските медиуми, меѓу обвинетите е и Руди Џулијани, личниот адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп. Во обвинението …

Аризона обвини 18 републиканци за обид да го променат резултатот од изборите во државата во 2020 година Read More »

Рјабков: Евентуалното распоредување нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде легитимна воена цел за Русија

Евентуалното трајно распоредување нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде легитимна воена цел за Русија, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Во изјава за руските медиуми Рјабков наведе дека заедничките нуклеарни мисии на земјите на НАТО во близина на границата со Русија претставуваат закана за руската безбедност. Полскиот претседател Анджеј Дуда …

Рјабков: Евентуалното распоредување нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде легитимна воена цел за Русија Read More »

Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска

Две лица загинаа кога авион со гориво се запали и се урна во близина на меѓународниот аеродром Фербенкс на Алјаска, соопштија денеска властите. Еден од двајцата пилоти во авионот кој превезувал гориво пред падот пријавил дека авионот се запалил непосредно пред да се урне и изгорел во близина на аеродромот, јавуваат американските медиуми. Шефот на …

Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска Read More »

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?

Според курсната листа на НБРСМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4950 денари, а на американскиот долар 57.6120 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 71.4643 денари.

Грчките власти договорија пониска цена на јагнешкото месо, Бугарите на јуриш по евтина храна за празниците!

Цената на јагнешкото месо во Грција, од пред два дена е намалена на 10 евра за килограм во комерцијалната мрежа, откако Министерството за развој се договори со производителите и трговците да ги намалат цените на велигденските стоки, објави БНР, пренесува порталот Телеграф.бг. Во моментов месото за најголемиот православен празник во Грција чини околу 15 евра …

Грчките власти договорија пониска цена на јагнешкото месо, Бугарите на јуриш по евтина храна за празниците! Read More »

Гужви во српските месарници пред празниците, иако печењето поскапе од Божиќ!

Следат празниците – Први мај, Велигден и Ѓурѓовден – и затоа е време да размислиме што ќе има на трпезата. Милица Сушиќ од месарницата „Добар Залогај“ објаснува за Н1 дали има поскапување и колку однапред треба да се нарача печењето. Сушиќ вели дека во последните неколку месеци има благ пораст на цените – кога се …

Гужви во српските месарници пред празниците, иако печењето поскапе од Божиќ! Read More »

Студот им пресуди на бугарските цреши!

Остриот студ доведува до тоа дека голем дел од овошните насади во Ќустендилско се загрозени од мразовите, пренесува БНТ. Температурите во Ќустендилско од близу 30 степени минатата недела достигнаа до нешто под 2 степени утрово. Ова, се разбира, има исклучително неповолно влијание врз сите овошни дрвја во областа. „Сведоци сме на драматични временски промени, од …

Студот им пресуди на бугарските цреши! Read More »

Поради сушата во Каталонија ќе има помалку пенливо вино, во Фрејсенет најавени отпуштања

Шпанско-германскиот кава гигант Фрејсенет, познат по своите препознатливи црни стаклени шишиња со пенливо вино, ќе отпушти 80% од својата работна сила во Каталонија додека североисточниот шпански регион се бори со повеќе од три години суша и сериозно погодено производството на грозје, пишува „СЕЕ.биз.еу“. Привремените отпуштања – кои ќе се однесуваат на дури 615 од 778 …

Поради сушата во Каталонија ќе има помалку пенливо вино, во Фрејсенет најавени отпуштања Read More »

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“

Во Културно информативниот центар – Скопје вечерва со почеток во 20 ч. ќе се отвори првата самостојна изложба на Јана Николовска – „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“. Изложбата има за цел да направи едно патување низ различни димензии на човечката психа и внатрешност, презентирајќи 5 видео инсталации со звук во простор. Влегувајќи од сала во сала, посетителите ќе преминуваат …

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“ Read More »

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара

На 6 и 7 април во Анкара се одржа мандонски фестивал на кој учествуваше и „Мандолинскиот оркестар“ – Скопје, под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри. -Нашиот подмладен оркестар на возраст од 12-17 годишна возраст беа ѕвезди на фестивалот во Анкара на кој учествуваа 30 оркестри. Беа поздравени со огромен аплауз и со овации …

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара Read More »

Отворено 60-тото издание на Венециското биенале

На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“. На свеченоста традиционално беа доделени и наградите „Златен лав“. За најдобар национален павилјон статуетката и е доделена на Австралија. Наградата за најдобро претставување на меѓународната изложба ја доби Матаахо …

Отворено 60-тото издание на Венециското биенале Read More »

„Бизнисот на задоволството“ освои награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот што се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух. Цветановски го радува …

„Бизнисот на задоволството“ освои награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм Read More »

ФОТОГАЛЕРИЈА | „Приказна се чита“

Под слоганот „Приказна се чита“, од вчера почна годинашното издание на Саемот на книга, кое ќе трае до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Организаторите велат дека речиси сите издавачки куќи и писатели од Македонија ќе ги претстават своите дела пред посетителите. Исто така, Саемот е надополнет со повеќе издавачи од регионот – …

ФОТОГАЛЕРИЈА | „Приказна се чита“ Read More »