Стабилно и топло време за викенд, од понеделник повторно дожд

Викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло. Минималната температура ќе се спушти до минус еден, а максималната дневна ќе достигне 20 степени. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и …

Стабилно и топло време за викенд, од понеделник повторно дожд Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи

ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на денешната седница на Извршниот комитет на партијата. Членот на Извршниот комитет, Тимчо Муцунски, во изјава за медиумите вели дека ова биле победнички листи и се надеваат на поддршка од граѓаните. „Овие избори се всушност одлука за тоа каква Македонија сакаме. Нивната, таа на власта, затворена, омаловажена, криминализирана, или онаа …

ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи Read More »

Нема веќе дивоградби во Охрид – министерката за култура го објасни законот

Новата верзија на Законот за управување со Охридскиот Регион наскоро ќе биде готова. Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска – Стојчевска вели дека овие законски измени значително ќе помогнат во избегнување на потенцијална за светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.  „Се прави доста ригорозна селекција, односно скенирање …

Нема веќе дивоградби во Охрид – министерката за култура го објасни законот Read More »

Обврска од Преспанскиот договор: Се одржа состанок на историски, археолошки и образовни експерти

Министерството за надворешни работи соопшти дека се одржал 8-от состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања (последователно ЗИКЕ), оформен согласно одредбите на Преспанскиот договор. „Двете делегации се согласија да продолжат да работат согласно одредбите на Преспанскиот договор.Заедничкиот интердисциплинарен комитет, се додава во соопштението, ја изразува својата посветеност на обврските …

Обврска од Преспанскиот договор: Се одржа состанок на историски, археолошки и образовни експерти Read More »

Ковачевски и Мицкоски се согласија: Балансерот се злоупотребува

Реткост, но сепак се случува. Лидерите на двете најголеми партии во Македонија се согласија околу злоупотребите на Балансерот. Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски го искоментира предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на балансерот, но не беше конкретен дали ваквата идеја би ја поддржал. Тој смета дека треба да се изнајде решение за предизвиците, зашто оваа мерка …

Ковачевски и Мицкоски се согласија: Балансерот се злоупотребува Read More »

Во Европскиот фронт предводен од ДУИ се приклучи и Унијата на Ромите

Претседателката на Унија на Ромите, Фатима Османовска и лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денеска во општина Шуто Оризари го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите кон Европскиот фронт предводен од Ахмети. Османовска порача дека Ромите ќе влезат во Европската Унија како рамноправни со сите граѓани, бидејќи како што рече, …

Во Европскиот фронт предводен од ДУИ се приклучи и Унијата на Ромите Read More »

Арсовска на Конгресот за локални власти во Советот на Европа избрана за портпарол и координатор

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во Советот на Европа на Конгресот на локални власти е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување корупција на локално и регионално ниво, информираат од Град Скопје. Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за …

Арсовска на Конгресот за локални власти во Советот на Европа избрана за портпарол и координатор Read More »

Забава под маски за најмладите за Денот на шегата во Кисела Вода

На светскиот Ден на шегата, на 1 април, Општина Кисела Вода организира забава под маски, која ќе се одржи пред салата во Расадник. Со почеток во 11 часот пред салата во Расадник најпрво ќе ве забавува детскиот фестивал „Поточиња“, а потоа ќе дефилираат и маските. Најдобрите и најкреативните ќе бидат наградени со пригодна награда. Како …

Забава под маски за најмладите за Денот на шегата во Кисела Вода Read More »

ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“

Јавното сообраќајно претпријатие информира дека можни се технички проблеми при валидирање со мобилен телефон или апликацијата „Скопска“ поради надградба на системот. ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на [email protected]. Веќе неколку дена граѓаните реагираат дека се оневозвожени да плаќаат преку телефон во автобусите …

ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“ Read More »

Инвеститорите да подразмислат дали ќе градат дивоградби: Иницијативата на Герасимовски за конфискација стана дел од новиот Закон

Во иднина секој инвеститор што ќе се реши да вложува во дивоградба на државно земјиште, треба да биде подготвен неговата инвестиција да заврши како сопственост на општината каде што се гради објектот. По една година откако градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја поднесе Иницијативата за конфискација на дивоградби, откако таа ги помина сите процедури …

Инвеститорите да подразмислат дали ќе градат дивоградби: Иницијативата на Герасимовски за конфискација стана дел од новиот Закон Read More »

Старата фабрика оди на јавно наддавање: Активистите не се откажуваат од идејата „Купром“ да прерасне во културен центар

Објектите на поранешната фабрика „Купром“ в четврток ќе се продаваат со јавно наддавање по пат на електронска аукција. Како што е објавено на системот за е-аукција ќе има три наддавања, првото започнува во 12 часот, второто во 12.30, а последното во 13:30 часот на кои објектите ќе се продаваат без утврдена почетна цена. Во првиот …

Старата фабрика оди на јавно наддавање: Активистите не се откажуваат од идејата „Купром“ да прерасне во културен центар Read More »

Со надеж да најдат некоја трага: Пожарникари и багеристи го расчистуваат теренот каде исчезна малата Данка

Се расчиствува дворот и околината близу куќата каде последен пат беше видена двегодишната Данка. Денеска на терен се пожарникари и багеристи кои го отстрануваат ѓубрето.  Покрај багерот пристигна и комбајн за да може полицијата да го расчисти имотот полн со дрва, сено и слама. Механизацијата со часови го отстранува ѓубрето од дворот што личи на …

Со надеж да најдат некоја трага: Пожарникари и багеристи го расчистуваат теренот каде исчезна малата Данка Read More »

Студенти во Нови Сад ја заклучија зградата на Филозофскиот факултет

Студентите, предводени од студентскиот продекан Дамњан Вакањец, кои од пладне го блокираа влезот на Филозофскиот факултет во Нови Сад, влегле во холот, а потоа со ланци и катанци го заклучиле влезот, а вратата дополнително ја блокирале со столчиња за да не може никој да влезе или да излезе. Како што дознава агенцијата Бета, поголем дел …

Студенти во Нови Сад ја заклучија зградата на Филозофскиот факултет Read More »

Хрватска: Претседател на конфронтациски курс

Пресметките на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вродија со плод. Освен за него, во Хрватска во моментов речиси и да не се разговара за друга политичка тема. Прво, Милановиќ необично го одреди датумот за претстојните парламентарни избори во Хрватска во среда (17.04.2024). Потоа брзо ја објави сопствената кандидатура за премиерската функција од Социјалдемократската партија (СДП) – …

Хрватска: Претседател на конфронтациски курс Read More »

Следната недела штрајк на грчките царински службеници

Дводневен штрајк за 2 и 3 април закажаа грчките царинските службеници, што ќе влијае и на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија. Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, …

Следната недела штрајк на грчките царински службеници Read More »

Ципрас смета дека се потребни дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа да придонесе за мир

Потребата Косово да преземе дополнителни дејствија за неговото членство во Советот на Европа да придонесе за мир, но и потребата за дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат околу статусот под кој би бил приемот, ги истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој воедно е и претседател на поткомитетот за Западен Балкан на Советот …

Ципрас смета дека се потребни дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа да придонесе за мир Read More »

НАТО ги осуди зголемените руски воздушни напади во Украина

НАТО Алијансата по денешниот состанок на Советот НАТО-Украина, свикан на барање на Киев силно ги осуди зголемените руски воздушни напади врз Украина. Оттаму велат дека ја потврдуваат својата посветеност за дополнително зајакнување на украинската одбрана. Состанокот бил на ниво на амбасадори, а со него претседавал заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Јоана. Украинскиот министер за …

НАТО ги осуди зголемените руски воздушни напади во Украина Read More »

Најмалку 12 загинати во Мадагаскар како резултат на циклонот Гамане

Најмалку 12 лица загинаа во југоисточната африканска островска држава Мадагаскар, додека циклонот Гамане ја погоди земјата, јави ДПА. Околу 21 илјада луѓе беа погодени од уништувањето предизвикано од циклонот, кој стигна до северниот дел на островот вчера наутро, објави денеска Националната управа за цивилна заштита. Циклонот се движеше низ островот со просечна брзина на ветерот …

Најмалку 12 загинати во Мадагаскар како резултат на циклонот Гамане Read More »

Поради додаток во исхраната во Јапонија најмалку четири лица починаа, а над 100 се хоспитализирани

Најмалку четири лица починаа, а 100 се хоспитализирани откако конзумирале диететски суплемент во Јапонија, објавија денеска локалните медиуми. „Произведувачот „Kobayashi Pharmaceutical Co.“ потврди смртни случаи поврзани со неговите додатоци во исхраната со црвен квасец“, јави токиската Кјодо Њуз. Компанијата повлече пет од своите производи, вклучително и речиси 300.000 пакувања од нејзините додатоци „Beni-Koji Cholesterol Help“. …

Поради додаток во исхраната во Јапонија најмалку четири лица починаа, а над 100 се хоспитализирани Read More »

Палестинската управа формира нова влада

Претседателот на Палестинска управа, Махмуд Абас денеска со декрет најави формирање на нова влада. Претседателскиот декрет уследи по меѓународниот притисок за спроведување на реформи. Абас претходно го именува долгогодишниот советник Мохамед Мустафа за премиер на Палестинската управа. Мустафа, кој е економист, не е член на ниту една партија и вети дека ќе формира технократска влада, …

Палестинската управа формира нова влада Read More »

Кремљ го предупреди сопственикот на Телеграм да биде „повнимателен“

Кремљ го предупреди сопственикот на Телеграм, Павел Дуров, да биде повнимателен откако се појавија информации дека апликацијата била користена за да се помогне во регрутирањето на вооружените лица, кои го извршија нападот на концертната сала во близина на Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров …

Кремљ го предупреди сопственикот на Телеграм да биде „повнимателен“ Read More »

Сезона на бонуси во Хрватска: 13-та плата може да биде од 30 до 60 отсто од годишните примања!

Хрватската Влада на почетокот на годината ги подигна максималните износи на одреден број ослободени од данок, со што работодавачите им отворија дополнителен простор за награда на вработените годинава. Меѓу другото, зголемени се неоданочливите износи на божиќниот бонус, годишен одмор, надоместоци за трошоци за храна и дневници за службени патувања, пишува Н1 Хрватска. Кога станува збор …

Сезона на бонуси во Хрватска: 13-та плата може да биде од 30 до 60 отсто од годишните примања! Read More »

Форбс Србија: Под даночната лупа се фирми во сопственост на странци

Виртуелните канцеларии станаа нов бизнис тренд во последниве години. Пребарувањето на Гугл покажува дека има се повеќе луѓе кои нудат услуги за регистрација на фирми на своја адреса за неколку десетици евра месечно. Истовремено, зголемен е и бројот на компании и претприемачи, особено оние од странство, кои ги користат услугите на виртуелните канцеларии. Ваквите прописи …

Форбс Србија: Под даночната лупа се фирми во сопственост на странци Read More »

Хрватските компании „обезглавени“, нема директори ни за лек!

Верувале или не, на компаниите во Хрватска им е се потешко да најдат директори, а не само обични работници. Тоа го покажуваат бројните јавни тендери со кои се бараат луѓе за директорски позиции низ Хрватска. Една компанија моментално бара дури шест директори. Станува збор за туристичката компанија „Сунчани Хвар“, која бара директори кои би го …

Хрватските компании „обезглавени“, нема директори ни за лек! Read More »

Половните автомобили во Бугарија поскапеле за 40 отсто

Половните автомобили во Бугарија поскапеа во просек за над 40% во период од една година. „Главната причина за ова поскапување е што од почетокот на оваа година енормно пораснаа услугите поврзани со автомобилите. На пример, ако се внесе автомобил во Бугарија, потребно е целосно внатрешно перење во салонот за автомобили, услуги за фарбање поскапеа и …

Половните автомобили во Бугарија поскапеле за 40 отсто Read More »

Синдикална пролет: Протести за зградата на ССМ, за платите и за Први мај

Сојузот на синдикати најави протест на 2 април пред Врховниот суд за враќање на синдикалната зграда на работниците, на 8 април за усогласување на платите со минималната плата на половина администрација што го нема тоа право, како и масовен протест за Први мај. Протестите ќе почнат од пред работничкиот дом, односно пред зградата на ССМ. …

Синдикална пролет: Протести за зградата на ССМ, за платите и за Први мај Read More »

На 29 март: Промоција на винил компилацијата „ПОП КУЛТУРА“ во чест на Мирко Попов

На 29 март, во 19 часот во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари „ПОП КУЛТУРА“. Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската …

На 29 март: Промоција на винил компилацијата „ПОП КУЛТУРА“ во чест на Мирко Попов Read More »

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | „Скопје 2014“ инспирација за уметникот Богдановски преточена во книгата „Скитачот“

Промените кои нагло му се случија на Скопје во 2014 година биле инспирација за најновото дело, романот „Скитачот“ на сликарот, писател, стрип мајстор, создавач на брилијантни приказни во различни форми и облици, Матеј Богдановски. Во „Скитачот“ Богдановски испреплетува ликови од другата страна на светот со скопјани, сите на куп уметнички души. Дејствието во книгата се одвива во 2014 година во македонската метропола. …

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | „Скопје 2014“ инспирација за уметникот Богдановски преточена во книгата „Скитачот“ Read More »

Костадиновска Стојчевска: Од утре во Охрид доаѓа реактивната мисија на УНЕСКО

Во интервју за „Слободен печат“, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска изнесе детали околу статусот во УНЕСКО на Охрид и Охридскиот регион. „Ова е добра прилика да најавам дека утре во Охрид пристигнува и реактивната мисија која што ни беше предвидена и како една задача кога во септември добивме извештај дека го задржуваме нашиот статус, …

Костадиновска Стојчевска: Од утре во Охрид доаѓа реактивната мисија на УНЕСКО Read More »

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Костадиновска Стојчевска: Инспекторатот за македонски јазик е правно формиран, директор ќе се именува по изборите

Во интервју за „Слободен печат“ министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска се осврна и на донесениот Закон за употреба на македонскиот јазик, како и обврските и активностите на Министерството што произлегуваат од тој закон. „Законот на огромно задоволство на сите се донесе во втората половина на јануари и од тогаш ги започнавме подготовките за се …

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Костадиновска Стојчевска: Инспекторатот за македонски јазик е правно формиран, директор ќе се именува по изборите Read More »

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Дарија Андовска: Треба да ги наоружиме студентите со знаење за да им обезбедиме пласман и платформа и тука и надвор во светот

Кога зборуваме за ширење и афирмирање на културата и уметноста надвор од границите на Македонија, неизбежно е да се потенцира нејзиното име и дело. Дарија Андовска е композиторка чии дела се свирени и наградувани на многу светски концертни сцени. Веќе година и половина е Декан на Факултетот за музичка уметност, и за тој временски период …

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Дарија Андовска: Треба да ги наоружиме студентите со знаење за да им обезбедиме пласман и платформа и тука и надвор во светот Read More »