Столтенберг не гледа проблем во изјавите на Ердоган за Хамас

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не гледа проблем за Алијансата во отворената поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за исламистичкото движење Хамас, кое моментално е во војна со Израел, јавува ДПА. -Никогаш не е лесно кога имаме различни ставови во Алијансата, рече Столтенберг во интервју за ДПА. Шефот на НАТО, меѓутоа, додаде дека …

Столтенберг не гледа проблем во изјавите на Ердоган за Хамас Read More »

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово кадешто имаше технички проблеми

На 3 места во Куманово гласањето беше прекинато поради технички проблеми, затоа што станува збор за мал број на гласови кои немаат влијание врз крајниот исход ДИК го поништи и соопшти дека нема да се прегласува. Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од првиот круг на претседателските избори. Во вториот круг на 8 …

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово кадешто имаше технички проблеми Read More »

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Денот на изборите севкупно беше оценет позитивно при што во голема мера се почитуваа процедурите за гласање, додека во некои случаи при пребројувањето избирачките одбори не ги завршија целосно пропишаните процедури. Ова се прелиминарните заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија за изборите …

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера Read More »

ВО ЖИВО | Претседателски избори во Македонија

Граѓаните вчера гласаа на  седмите претседателски избори, а во трка беа седум кандидати. Под број еден на гласачкото ливче беше Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Коалицијата, потоа број два Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ под број три,  под број четири на гласачкото ливче е Бујар Османи кандидат на ДУИ, …

ВО ЖИВО | Претседателски избори во Македонија Read More »

Таравари демантира дека имал тајна средба со Ахмети

Претседателскиот кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“, Арбен Таравари преку соопштение ја демантира веста објавена од албанскиот „Топ-ченел“ оти вчера тајно се сретнал и добил понуда од претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети по резултати од претседателските избори. Во веста на „Топ-ченел“ се вели дека „Таравари добил сериозна понуда од Ахмети да се …

Таравари демантира дека имал тајна средба со Ахмети Read More »

Ќе има поразени во начелото „победник со победник“?

По големата победа на претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова на првиот круг на претседателските избори и јавната понуда на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски до Арбен Таравари од „Вреди“ да бидат дел од новата влада, во партиите наголемо се прават калкулации и анализи кој ќе биде дел од „Илинденска“ по 8 мај, но и …

Ќе има поразени во начелото „победник со победник“? Read More »

Граѓаните чекаат автобус на оштетени постојки, некаде и без стреи и клупи

Во каква состојба се автобуските постојки низ градот, сведоци се граѓаните што секојдневно користат јавен градски превоз. Дел од нив се со ишарани и измачкани стакла, некои немаат натстрешници, некои клупи, а на повеќето се искршени и кантите за ѓубре. Некаде нема електронски информативни табли преку кои граѓаните се информираат за пристигнувањето на автобусите, а …

Граѓаните чекаат автобус на оштетени постојки, некаде и без стреи и клупи Read More »

Центарци в сабота во Дебар Маало ќе го одбележат роденденот на Горан Стефановски

Општина Центар в сабота со повеќе активности ќе го прослави денот на раѓањето на најпознатиот „центарец“ Горан Стефановски. Настанот ќе се одржи пред неговиот мурал во Дебар Маало, кој, како што информира градоначалникот Горан Герасимовски, е надополнет со најпознатиот рефрен на песната Скопје од „Леб и сол“ – „Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, …

Центарци в сабота во Дебар Маало ќе го одбележат роденденот на Горан Стефановски Read More »

„Градски паркинг“ од 10.163 паркинг-места лани инкасирал повеќе од 3,5 милиони евра

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ и годинава продолжува да се „шири“ низ Скопје, односно да го регулира паркирањето на сѐ повеќе јавни површини низ општините. Според Инвестиционата програма за 2024 година, која иако е крај на април, сѐ уште не е усвоена од градските советници, а која претпријатието на терен веќе ја реализира, паркирањето ќе се …

„Градски паркинг“ од 10.163 паркинг-места лани инкасирал повеќе од 3,5 милиони евра Read More »

Кантата за ѓубре за украс ли служи?

Колку малку се грижиме за околината во која живееме или за јавните површини каде што секојдневно се движиме, покажува и денешната фотографија од центарот на Скопје. Во близина на автобуската станица кај Порта Буњаковец покрај булеварот Партизански Одреди по тротоарот исфрлените празни лименки, хартии, пакувања од брза храна сведочеа дека претходната ноќ, токму тука имало …

Кантата за ѓубре за украс ли служи? Read More »

Бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“ и на паркинзите на ПОЦ

На зонските и дел од јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ и на сите паркиралишта во надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска паркирањето ќе биде бесплатно. Следејќи ја одлуката на Владата на РСМ за прогласување на 24 април, 2024 год. за неработен ден поради непречено одржување на политичките избори за избор …

Бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“ и на паркинзите на ПОЦ Read More »

Додик: Резолуцијата во Сребреница е лага, но ќе однесеме венци во Поточари ако тоа не навреди никого

Лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик е подготвен да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид. Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик …

Додик: Резолуцијата во Сребреница е лага, но ќе однесеме венци во Поточари ако тоа не навреди никого Read More »

Нови детали за смртта на братот на осомничен за убиството на Данка во станица

По неколкудневен молк, Вишото јавно обвинителство конечно соопшти за насилната смрт на Дејан Драгијевиќ при полициско задржување во станицата во Бор, велејќи дека поднеле предлог за замена на надлежноста во постапката по неговата смрт, согласно методологија за истрага во случаи на злоупотреба. Со ова потврдија дека имало злоупотреба, а според неофицијални информации кобниот ден Драгијевиќ …

Нови детали за смртта на братот на осомничен за убиството на Данка во станица Read More »

Курти: Целта на Косово е членство во меѓународните организации, ЕУ и НАТО

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин изјави дека целта на Косово е членство во меѓународните организации, ЕУ и НАТО. Тој при посетата на „Фондацијата Бертелсман“ рече дека целта е да се подобрат односите на Косово со Германија и европските демократски држави. Курти, потсетувајќи на историјата на 90-тите години на минатиот век и на патот …

Курти: Целта на Косово е членство во меѓународните организации, ЕУ и НАТО Read More »

Девет железничари во Турција осудени на над 108 години затвор

Судот во Турција осуди деветмина железничари на повеќе од 108 години затвор за несреќата од пред шест години, при што загинаа 25 лица, од кои седум деца, а беа повредени повеќе од 300 луѓе. Патнички воз на Турските државни железници излета од шините во јули 2018 година додека минуваше низ округот Чорлу, околу 110 километри …

Девет железничари во Турција осудени на над 108 години затвор Read More »

Додик побара дискусија на институционално ниво за одвојување

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска повика на, како што рече, „разговори на институционално ниво за одвојување“. „Отпадничките структури на босанските муслимани одамна ја напуштија уставната рамка и отстапуваат од се што претставува Дејтонската Босна и Херцеговина. Можеби Комшиќ мисли дека успеал да направи нешто затоа што останал воздржан, но тоа суштински не менува …

Додик побара дискусија на институционално ниво за одвојување Read More »

Нетанјаху ги осуди протестите на колеџите во САД нарекувајќи ги антисемитски толпи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги осуди протестите на колеџот низ САД. „Она што се случува во американските колеџ кампуси е ужасно“, рече тој опишувајќи ги пропалестинските демонстранти како антисемитски толпи кои ги преземаат водечките универзитети. „Тие ги напаѓаат еврејските студенти. Тие го напаѓаат еврејскиот факултет“, рече Нетанјаху. „Тоа треба да се осуди и недвосмислено да …

Нетанјаху ги осуди протестите на колеџите во САД нарекувајќи ги антисемитски толпи Read More »

Судири меѓу полицијата и демонстрантите кои се против туристичка такса за влез во Венеција

Во Венеција денеска дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите кои се против воведувањето туристичка такса за влез во италијанскиот град, јави Си-Ен-Би-Си. Некои од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во областа на плоштадот Пиацале Рома и да влезат во историскиот дел на Венеција. Други носеа плакати на кои пишуваше „Венеција не …

Судири меѓу полицијата и демонстрантите кои се против туристичка такса за влез во Венеција Read More »

Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто

Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, објави денеска австрискиот Заводот за статистика. Во однос на бројот на жители, ова претставува зголемување од 2,3 приценти во 2022 година на 3,7 отсто во 2023 година, што е најголем процент во изминатите …

Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто Read More »

Повеќе војници и оружје за европските земји кои граничат со Русија

Шведска ќе испрати свои војници во Латвија како дел од силите на НАТО во балтичките земји, кои се граничат со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, изјави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон. „Утринава владата донесе формална одлука да ги задолжи вооружените сили да го подготват шведскиот придонес за редуцираната бригада“, рече Кристерсон на заедничката прес-конференција со …

Повеќе војници и оружје за европските земји кои граничат со Русија Read More »

Хамас предлага едногодишен прекин на огнот во Газа

Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи. Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Изворите наведоа дека …

Хамас предлага едногодишен прекин на огнот во Газа Read More »

Птичјиот грип се шири на американските краварски фарми

Птичјиот грип на фармите се шири од крава на крава, но се уште не се знае на кој начин, соопшти американското Министерство за земјоделство и објасни дека во последниот месец вирусот бил откриен на фарми во осум сојузни држави, а еден млекар во Тексас. Како што објави Ројтерс, се верува дека примарен извор на вирусот …

Птичјиот грип се шири на американските краварски фарми Read More »

Микропластиката во аут, крај на мини џемовите и мини шампоните во хотелите

Европратениците усвоија нови мерки за поодржливо пакување и намалување на количината на отпад од пакување во ЕУ. Правилата вклучуваат цели за намалување на количината на амбалажа за пет отсто до 2030 година, 10 отсто до 2035 година и 15 отсто до 2040 година. Тие бараат од земјите особено да го намалат количеството отпад од пластична …

Микропластиката во аут, крај на мини џемовите и мини шампоните во хотелите Read More »

Пешев: Бизнисот ќе очекува од политичарите да ги реализираат изборните ветувања

Бизнисот ќе очекува од партијата која ќе ја формира идната Влада да не ги заборави ветувањата и да ги спроведе во праксата. Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора, вели дека се надеваат дека она што го договориле и да се реализира, макар и да не се согласуваат со некои идеи. Тој е пријатно изненаден …

Пешев: Бизнисот ќе очекува од политичарите да ги реализираат изборните ветувања Read More »

Рускиот милијардер платил 6,7 милиони евра за „Звечево“

Објавено е колку сопственикот Здравко Алвир добил од рускиот милијардер за продажбата на кондиторската фабрика Звечево од Пожега. Како што самиот Алвир објави во средата на Загрепската берза, од Флексвеј добил вкупно 6,7 милиони евра. Продал околу 288.000 акции од сериите А и Б, а куповната цена на акцијата била 23,22 евра. Со ова рускиот …

Рускиот милијардер платил 6,7 милиони евра за „Звечево“ Read More »

Двојни такси за туристите во Лисабон

Во моментов, Португалија е една од најпопуларните земји во Европа меѓу туристите. Патниците ја сакаат оваа јужна земја поради релативно ниските цени, вкусната храна, топлото време во текот на целата година, прекрасните плажи, живописната глетка и многуте атракции. Во меѓувреме, властите на португалската престолнина Лисабон решија да извлечат дополнителни придобивки за градскиот буџет од постојано …

Двојни такси за туристите во Лисабон Read More »

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“

Премиерата на претставата „Мац, мац“ која е работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ од Тенеси Вилијамс, а во режија и кореографија на Филип Петковски и ко-продукција на Пресврт, Театар „Ј.Х.К. Џинот“- Велес, како и германскиот Гете институт, ќе се случи на 26 април во Велешкиот театар. Целта на овој проект е да …

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ Read More »

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“

Во Културно информативниот центар – Скопје вечерва со почеток во 20 ч. ќе се отвори првата самостојна изложба на Јана Николовска – „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“. Изложбата има за цел да направи едно патување низ различни димензии на човечката психа и внатрешност, презентирајќи 5 видео инсталации со звук во простор. Влегувајќи од сала во сала, посетителите ќе преминуваат …

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“ Read More »

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара

На 6 и 7 април во Анкара се одржа мандонски фестивал на кој учествуваше и „Мандолинскиот оркестар“ – Скопје, под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри. -Нашиот подмладен оркестар на возраст од 12-17 годишна возраст беа ѕвезди на фестивалот во Анкара на кој учествуваа 30 оркестри. Беа поздравени со огромен аплауз и со овации …

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара Read More »

Отворено 60-тото издание на Венециското биенале

На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“. На свеченоста традиционално беа доделени и наградите „Златен лав“. За најдобар национален павилјон статуетката и е доделена на Австралија. Наградата за најдобро претставување на меѓународната изложба ја доби Матаахо …

Отворено 60-тото издание на Венециското биенале Read More »

„Бизнисот на задоволството“ освои награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот што се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух. Цветановски го радува …

„Бизнисот на задоволството“ освои награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм Read More »