Голем дел од скопските општини без струја

Без струја денеска од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар. Во периодот од 9:00 до 14:00 часот денеска без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел …

Голем дел од скопските општини без струја Read More »

Денеска ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот прв круг претседателски избори во земјава. Шефицата на мисијата Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата  на ОДИХР за набљудување на изборите, вчера изјави дека по посетата на неколку избирачки места, оценката е дека почетокот бил добар, но целосна …

Денеска ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите Read More »

Пациенти со карцином не можат да се лекуваат, зашто долго чекаат резулати од биопсија

Пациенти со карцином во напредна фаза се принудени да чекаат резултати од направена биопсија кои не се готови и по месец дена, дознава „Слободен печат“ од членови на нивните семејства кои се во безизлезна состојба. Сестра ми има карцином на дојка, трет стадиум. Операција ѝ беше направена на први април. Резултатите од биопсијата според кажувањата …

Пациенти со карцином не можат да се лекуваат, зашто долго чекаат резулати од биопсија Read More »

Силјановска победи во 60 општини, Османи во 15, Пендаровски во три, а Таравари и Димитриевски во една

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски освои најмногу гласови во три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. Гордана Силјановска Давковска …

Силјановска победи во 60 општини, Османи во 15, Пендаровски во три, а Таравари и Димитриевски во една Read More »

Стевчо изгуби во Карпош, Максим и Таравари победија во општините во кои се градоначалници

Од тројцата актуелни градоначалници кои се кандидираа за претседател на државата само двајца добија најголем број гласови во општините каде се градоначалници – Максим Димитриевски во Куманово и Арбен Таравари во Гостивар, додека Стевчо Јакимовски во Карпош освои само шест проценти од гласовите. Во општина Куманово најмногу гласови освои Максим Димитриевски 14.286 (30,16%). По него, …

Стевчо изгуби во Карпош, Максим и Таравари победија во општините во кои се градоначалници Read More »

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 (19,93%). Трет е Бујар Османи од ДУИ со 120.903 (13,36%), Арбен …

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%) Read More »

Сообраќајот се одвива тековно, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЦУК: Без пожари на отворено, поплавен подвозник, одрони на патиштата и најавени минирања заради градежни работи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 652 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.  Во последното деноноќие, „реални“ повици биле 61,38%, а 38,62% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 69,82% и кон Итната медицинска помош 28,00%, од реалните повици кон …

ЦУК: Без пожари на отворено, поплавен подвозник, одрони на патиштата и најавени минирања заради градежни работи Read More »

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Информативната емисија „Слободен печат“ од 9 часот е во тек

Новинарите на „Слободен печат“ и во новата сезона на информативната емисија „Слободен печат“ редовно ве информираат за најновите случувања во земјата и во светот. Во емисијата дебатираме и анализираме со нашите соговорници за најгорливите теми во македонското општество, а ви нудиме и интересни гости од сферата на спортот, културата, уметноста и забавата. Следете вести, извештаи, …

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Информативната емисија „Слободен печат“ од 9 часот е во тек Read More »

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер …

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд Read More »